Вторник, 30 април 2013 година
ПРЕТСЕДАТЕЛОТ ВЕЉАНОСКИ ГО ПРИМИ МИНИСТЕРОТ ЗА НАДВОРЕШНИ РАБОТИ НА РЕПУБЛИКА АЛБАНИЈА, Г. АЛДО БУМЧИ

На денешната средба, претседателот на Собранието на Република Македонија, г. Трајко Вељаноски, ги истакна пријателските односи меѓу двете држави и заемната поддршка на билатерален и мултилатерален план. Претседателот Вељаноски искажа благодарност за позицијата на Република Албанија во однос на Република Македонија, која е јасна, константна и принципиелна поддршка за зачленување на Република Македонија во НАТО, иако двете држави заедно започнаа да одат кон оваа цел
Прочитај повеќе
Понеделник, 22 април 2013 година
Претседателот Вељаноски учествува на Конференција на претседатели на парламенти од земјите на ЕУ
Претседателот на Собранието на Република Македонија, г. Трајко Вељаноски, од денеска учествува на Конференција на претседатели на парламенти од земјите на Европската унија, што се одржува во Никозија, Република Кипар. Претседателот Вељаноски на Конференцијата е на покана од претседателот на Претставничкиот дом на Република Кипар, г. Јанакис Л.Омироу.
Прочитај повеќе
Среда, 17 април 2013 година
Претседателот Вељаноски присуствуваше на церемонијалниот погреб на поранешниот премиер на Велика Британија, Маргарет Тачер

Претседателот имаше кратки средби со актуелниот британски премиер Дејвид Камерон, поранешениот британски премиер Џон Мејџор, со канадскиот премиер Стивен Харпер, со актуелниот албански премиер Сали Бериша и други политички личности.
Прочитај повеќе
Четврток, 11 април 2013 година
Претседателот Вељаноски го прими министерот за надворешни работи на Република Словенија, г. Карл Виктор Ерјавец

На денешната средба, претседателот на Собранието на Република Македонија, г. Трајко Вељаноски, ги истакна пријателските односи меѓу двете држави кои се базираат на долгогодишна конструктивна соработка и заемна поддршка на билатерален и мултилатерален план. Претседателот Вељаноски искажа благодарност за позицијата на Република Словенија во однос на Република Македонија која е јасна и константна, изразена како гласна, безусловна, континуирана и принципиелна поддршка за евроинтегративниот процес на Република Македонија
Прочитај повеќе
Среда, 10 април 2013 година
Претседателот Вељаноски се потпиша во Книгата на жалост по повод смртта на поранешниот британски премиер, г-ѓа Маргарет Тачер

Денеска, 10 април 2013 година, во Британската амбасада, претседателот на Собранието на Република Македонија, г. Трајко Вељаноски, се потпиша во Книгата на жалост по повод смртта на поранешниот британски премиер, г-ѓа Маргарет Тачер.
Прочитај повеќе
Вторник, 2 април 2013 година, Белград
Средба на претседателот Вељаноски со српскиот претседател Томислав Николиќ

Уште еднаш потврдени пријателските односи и заемната поддршка меѓу Република Македонија и Република Србија на денешната средба меѓу претседателот на Собранието на Република Македонија, г. Трајко Вељаноски и српскиот претседател, г. Томислав Николиќ. Меѓу темите на двајцата соговорници предвизиците со кои се соочуваат двете држави во пресрет на очекуваниот датум за почеток на преговорите со ЕУ, разговорите за спорот со името, но и црковниот спор меѓу Македонија и Србија и можностите за нивно надминување
Прочитај повеќе
Понеделник, 1 април 2013 година, Белград
Претседателот Вељаноски во официјална посета на Република Србија

Претседателот на Собранието на Република Македонија, г. Трајко Вељаноски престојува во официјална посета на Република Србија, во рамките на која, денеска оствари средба со својот колега, претседател на Народното собрание на Република Србија, г. Небојша Стефановиќ, со претседателот на Пратеничката група за соработка, г. Зоран Остоиќ и со членовите на Групата, како и со претседателот на Владата на Република Србија, г. Ивица Дачиќ.
Прочитај повеќе