Пленарни седници



27 февруари 1997 година

Шеесет и прва седница на Собранието на Република Македонија

Дневен ред:

1. Предлог на закон за игри на среќа и за забавни игри;

2. Предлог на закон за дополнување на Законот за данокот на промет на производи и услуги;

3. Предлог за донесување на закон за ратификација на Рамковната конвенција за заштита на националните малцинства, со Предлог на закон;

4. Предлог за донесување на закон за ратификација на Конвенцијата за заштита на правата на човекот и основните слободи и на Првиот протокол, Протоколот број 4, Протоколот број 6, Протоколот број 7 и Протоколот број 11 кон Конвенцијата, со Предлог на закон;

5. Предлог за донесување на закон за ратификација на Договорот за културна и просветна соработка помеѓу Владата на Република Македонија и Владата на Република Хрватска, со Предлог на закон;

6. Предлог за донесување на закон за верските заедници и религиозните групи;

7. Извештај за работата на Комисијата за контрола над работата на Службата за државна безбедност во периодот од февруари 1995 до април 1996 година;

8. Избор на претседатели на основните судови во Кратово, Радовиш и Струмица;

9. Предлог на одлука за именување секретар на Собранието на Република Македонија:

10. Предлог на одлука за изменување на Одлуката за избор на претседател и членови на Комисијата за прашања на изборите и именувањата на Собранието на Република Македонија;

11. Предлог на одлука за огласување избор на претседател на Основниот суд во Битола.


стенографски белешки  61 седница 27 февруари 1997

стенографски белешки  61 седница 1 продолжение 4 март 1997

Click