9 март 2000 година
Триесет и седма седница на Собранието на Република Македонија
Дневен ред:
1. Предлог на декларација за заштита на правата на членовите на ОМО Илинден-Пирин;
2. Предлог на одлука за разрешување и именување претседател и членови на Одборот за доделување на наградата „11 Октомври";
3. Оставка на заменикот на министерот за внатрешни работи Драги Гроздановски;
4. Оставка на заменикот на министерот за развој м-р Лилјана Поповска;
5. Именување заменици на министрите во Владата на Република Македонија;
6. Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за пензиското и инвалидското осигурување;
7. Предлог на закон за внатрешна пловидба;
8. Предлог за донесување на закон за изменување и дополнување на Законот за работните односи, со Предлог на закон;
9. Предлог за донесување на закон за изменување и дополнување на Законот за вработувањето и осигурување во случај на невработеност, со Предлог на закон;
10. Предлог за донесување на закон за изменување и дополнување на Законот за банките и штедилниците, со Предлог на закон;
11. Предлог за донесување на закон за изменување и дополнување на Царинскиот закон, со Предлог на закон;
12. Предлог за донесување на закон за ратификација на Протоколот кој се однесува на измена и дополнување на Конвенцијата за меѓународното цивилно воздухопловство, со Предлог на закон;
13. Предлог за донесување на закон за ратификација на Конвенцијата за изедначување на некои правила за меѓународниот превоз по воздушен пат, со Предлог на закон;
14. Предлог за донесување на закон за ратификација на Вториот дополнителен протокол кон Спогодбата за мултинационалните мировни сили на Југоисточна Европа, со Предлог на закон;
15. Предлог на закон за здравственото осигурување;
16. Предлог за донесување на закон за ратификација на Конвенцијата за социјално осигурување меѓу Република Македонија и Швајцарската конфедерација, со Предлог на закон;
17. Предлог за донесување на закон за договорна хипотека;
18. Предлог на одлука за изменување на Одлуката за основање на Анкетна комисија за испитување на јавните набавки;
19. Предлог на одлука за изменување на Одлуката за основање на Анкетна комисија за испитување на јавните набавки;
20. Предлог на одлука за давање согласност на Тарифата на Државниот завод за ревизија;
21. Предлог на одлука за надоместок на трошоците за избор на претседател на Република Македонија на организаторите на изборната кампања, кои истакнале кандидати за претседател на Република Македонија;
22. Предлог за разрешување на судија на Врховниот суд на Република Македонија;
23. Предлог за разрешување на судија на Основниот суд во Кочани;
24. Предлог на одлука за огласување именување заменик-јавен обвинител на Република Македонија;
25. Предлог на одлука за избор на членови на Управниот одбор на Јавната здравствена организација Здравствен дом - Крушево;
26. Предлог на одлука за изменување на Одлуката за основање пратеничка група на Собранието на Република Македонија за соработка со Парламентот на Обединетото Кралство Велика Британија и Северна Ирска;
27. Предлог на одлука за изменување на Одлуката за основање пратеничка група на Собранието на Република Македонија за соработка со Парламентот на Република Ирска;
28. Предлог на одлука за именување членови на посебната комисија за изготвување предлог за именување декан на Економскиот факултет во Прилеп при Универзитетот „Св.Климент Охридски" во Битола.
стенографски белешки 037 седница 9.3.2000
стенографски белешки 037 седница I продолжение 15.3.2000
стенографски белешки 037 седница II продолжение 21.3.2000
стенографски белешки 037 седница III продолжение 22.3.2000
стенографски белешки 037 седница IV продолжение 23.3.2000
стенографски белешки 037 седница V продолжение 28.3.2000
стенографски белешки 037 седница VI продолжение 29.3.2000