Четврток, 4 јуни 2009 година, 14,00 часот, Сала 4
КОМИСИЈА ЗА ПРАШАЊА НА ИЗБОРИТЕ И ИМЕНУВАЊАТА
Предлог на дневен ред:
1. Утврдување предлог-одлука за именување на членови на Комисијата за електронски комуникации;
2. Утврдување предлог-одлука за изменување на Одлуката за избор на претседатели, заменици на претседателите, членови и нивни заменици на комисиите на Собранието на Република Македонија;
3. Утврдување предлог-одлука за изменување на Одлуката за утврдување на составот на Буџетскиот совет на Собранието на Република Македонија;
4. Утврдување предлог-одлука за изменување на Одлуката за избор на претседател, потпретседатели, членови и заменици-членови на Делегацијата на Собранието на Република Македонија во Парламентарниот комитет за стабилизација и асоцијација;
5. Утврдување предлог-одлука за изменување на Одлуката за избор на шеф, членови и заменици-членови на Делегацијата на Собранието на Република Македонија во Парламентарното собрание на Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ПС ОБСЕ);
6. Утврдување предлог-одлука за изменување на Одлуката за избор на членови на Анкетната комисија за утврдување на околностите на загинувањето на претседателот на Република Македонија Борис Трајковски;
7. Утврдување предлог-одлука за изменување на Одлуката за основање на пратенички групи на Собранието на Република Македонија за соработка со парламенти на други држави и избор на претседатели и членови на пратеничките групи на Собранието на Република Македонија за соработка со парламенти на други држави;
8. Утврдување предлог-одлука за за определување на коефициент за утврдување на плата на претседателот, заменик-претседателот и членовите на Комисијата за верификација на фактите;
9. Разно.
Предлогот на дневниот ред се дополнува со:
1. Утврдување предлог-одлука за изменување на Одлуката за именување на претседател, потпретседател и членови на Националниот совет за евроинтеграции;
2. Утврдување предлог-одлука за разрешување и именување член на Одборот за доделување на државната награда „Мито Хаџи Василев Јасмин“.