Вторник, 17 февруари 2009 година, 10,00 часот, Сала 4
ПОСТОЈАНА АНКЕТНА КОМИСИЈА ЗА ЗАШТИТА НА СЛОБОДИТЕ И ПРАВАТА НА ГРАЃАНИНОТ
Предлог на дневен ред:
1. Состојбата на човековите права на Ромската заедница во Република Македонија, идни активности за подобрување на вкупната општествена положба на Ромите, по барање на ромските невладини организации - РНВО РОМА 2002;
2. Информација на Министерството за внатрешни работи на Република Македонија, за преземените конкретни мерки и активности по препораките на Европскиот комитет за спречување на тортура и нечовечко или понижувачко однесување или казнување;
3. Информација на Министерството за правда на Република Македонија, за преземените конкретни мерки и активности на министерството и Управата за извршување на санкциите со целосен преглед на активностите за подобрување на состојбите во пенитенцијарниот систем во Република Македонија, по посетата на КПТ во јули 2008 година, како и Одговорите на Министерството до КПТ;
4. Предлози за подготовка на Програмата за работа на Постојаната анкетна комисија за заштита на слободите и правата на граѓанинот на Собранието на Република Македонија.