Hidden render
Среда, 18.2.2009 год. 10,00 ч. Уставна сала
СООПШТЕНИЕ
Од Европската асоцијација на поранешни членови на парламентите на земјите- членки на Советот на Европа и Европската унија добиено е писмо во кое се укажува на готовноста за соработка со соодветна асоцијација или Група за пријателство кај нас.
Во функција на разгледување на оваа иницијатива шефот на Делегацијата на Собранието на Република Македонија во Парламентарното собрание на Советот на Европа г. Оливер Шамбевски свика средба со поранешните членови на Делегациите на Собранието на Република Македонија во Парламентарното собрание на Советот на Европа.
Средбата ќе се одржи на 18 февруари 2009 година (денеска) во 10,00 часот во Уставната сала во зградата на Собранието на Република Македонија.