Hidden render



Петок, 20 февруари 2009 година, во 13.00 часот

Средба на Комисијата за еднакви можности меѓу жените и мажите и Државната изборна комисија

На барање на Комисијата за еднакви можности меѓу жените и мажите на Собранието на Република Македонија, договорена е средба со Државната изборна комисија.
Разговорите на средбата ќе бидат на тема "Информирање за родовите квоти (вклученост на двата пола на листите за советници и избирачките одбори) на претстојните избори" и во функција на реализација на заклучокот од средбата на Комисијата за еднакви можности меѓу жените и мажите со Државната изборна комисија, одржана на 15 јануари 2009 година.  
Средбата ќе се одржи на 20 февруари 2009 година, во 13.00 часот, во просториите на Државната изборна комисија.

Click