Понеделник, 19 август 2013 година
Светски ден на хуманитарноста
Под мотото „На светот му треба повеќе...“, денеска се одбележува Светскиот ден на хуманитарноста, посветен на оние кои ги загубиле своите животи работејќи во хуманитарни цели, во слава на нивниот дух што инспирира хуманитарна работа низ целиот свет.
19 август е назначен за Светски ден на хуманитарноста од страна на Генералното собрание на Обединетите нации и се совпаѓа со годишнината од бомбардирањето на седиштето на ОН во Багдад, Ирак, во 2003 година.
Десет години подоцна меѓународната заедница се сеќава на овие жртви, како и на многу други хуманитарни работници кои го дале својот живот за помош на загрозените од природни катастрофи и конфликти низ целиот свет.
„Благодарение на секојдневните напори на хуманитарните работници, милиони луѓе преживуваат незамисливи тешкотии, создавајќи шанса да ја видат својата иднина подобра од нивното минато“, изјави европскиот комесар за меѓународна соработка, хуманитарна помош и одговор на кризи, г-ѓа Кристалина Георгиева.
Денеска, Европската унија, како водечки светски донатор на хуманитарна помош, но и целата меѓународна заедница, преку низа активности, апелираат за повеќе почит и заштита за хуманитарните работници, кои не ретко и самите стануваат жртви.