Најави



Четврток, 27 август 2009 година, 11,00 часот, Сала “Борис Трајковски“

Јавна расправа по Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за државни службеници

Националниот совет за евроинтеграции продолжува со организирање на јавни расправи за законите за кои е неопходна поширока дебата, а која ќе овозможи донесување на квалитетни закони и квалитетна подготовка за прифаќање на обврските од членството на Република Македонија во Европската унија.

За таа цел, Националниот совет за евроинтеграции организира Јавна расправа по Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за државни службеници.

Јавната расправа ќе се одржи на 27 август (четврток) 2009 година, во сала “Борис Трајковски“ со почеток во 11,00 часот.

Јавната расправа ќе биде отворена за медиуми.

 

Click