Среда, 19 август 2009 година, 10,00 часот, Сала 4
КОМИСИЈА ЗА ТРАНСПОРТ, ВРСКИ И ЕКОЛОГИЈА
Предлог на дневен ред:
1. Предлог закон за изменување и дополнување на Законот за превоз во патниот сообраќај (второ читање);

2. Предлог на закон за изменување на Законот за јавните патишта (второ читање);
3. Финансиски план за работењето на Јавното претпријатие Македонска радио телевизија за 2008 година;
4. Предлог на одлука за одобрување на Финансискиот план на Јавното претпријатие Македонска радио телевизија за редовни и инвестициони активности наменети за емитување на активностите на Собранието на Република Македонија за 2009 година;
5. Предлог на одлука за одобрување на Финансискиот план на Јавното претпријатие Македонска радио телевизија за редовни и инвестициони активности на радио програмите наменети за информирање на иселениците и граѓаните на Република Македонија кои живеат во соседните земји, во Европа и на другите континенти на македонски и на јазикот што го зборуваат најмалку 20% од граѓаните, кој е различен од македонскиот јазик и на другите немнозински заедници за 2009 година;
6. Предлог на одлука за одобрување на Финансискиот план на Јавното претпријатие Македонска радио телевизија за редовни и инвестициони активности на радио програмите наменети за соседните земји и Европа на странски јазици за 2009 година;
7. Предлог на одлука за одобрување на Финансискиот план на Јавното претпријатие Македонска радио телевизија за редовни и инвестициони активности на радио програмски сервис преку сателит наменети за информирање на иселениците и граѓаните на Република Македонија кои живеат во Европа и на другите континенти на македонски и на јазикот што го зборуваат најмалку 20% од граѓаните, кој е различен од македонскиот јазик и на другите немнозински заедници за 2009 година;
8. Предлог на одлука за одобрување на Финансискиот план на Јавното претпријатие Македонска радио телевизија за редовни и инвестициони активности на телевизиски програмски сервис преку сателит наменети за информирање на иселениците и граѓаните на Република Македонија кои живеат во Европа и на другите континенти на македонски и на јазикот што го зборуваат најмалку 20% од граѓаните, кој е различен од македонскиот јазик и на другите немнозински заедници за 2009 година;
9. Предлог на одлука за одобрување на Финансискиот план на Јавното претпријатие Македонска радио телевизија за редовни и инвестициони активности на втор телевизиски програмски сервис преку сателит наменет за иселениците и граѓаните на Република Македонија кои живеат во Европа и на другите континенти на албански јазик за 2009 година;
10. Разно.