Понеделник, 26 август 2013 година, 11.00 часот, Сала 1
ШЕЕСЕТ И ДЕВЕТТА СЕДНИЦА НА СОБРАНИЕТО НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА
Дневен ред:
1. Предлог на одлука за изменување на Одлуката за избор на претседатели, заменици на претседателите, членови и нивни заменици на комисиите на Собранието на Република Македонија;
2. Предлог на одлука за изменување на Одлуката за основање на пратенички групи на Собранието на Република Македонија за соработка со парламентите на други држави и избор на претседатели и членови на пратеничките групи на Собранието на Република Македонија за соработка со парламентите на други држави;
3. Предлог на одлука за изменување на Одлуката за избор на членови на Комитетот за односи меѓу заедниците;
4. Предлог на одлука за изменување на Одлуката за именување на претседател, потпретседател, членови и заменици-членови на Националниот совет за евроинтеграции;
5. Предлог на одлука за изменување на Одлуката за избор на шеф, членови и заменици-членови на Делегацијата на Собранието на Република Македонија во Парламентарното собрание на Организацијата за безбедност и соработка во Европа;
6. Предлог на одлука за изменување на Одлуката за избор на претседател, потпретседатели, членови и заменици-членови на Делегацијата на Собранието на Република Македонија во Парламентарниот комитет за стабилизација и асоцијација;
7. Предлог на одлука за разрешување и именување на претседател и членови на Одборот за доделување на државната награда „Мито Хаџи Василев Јасмин";
8. Предлог на одлука за разрешување и именување на член на Советот за статистика на Република Македонија;
9. Предлог на одлука за објавување јавен конкурс за именување на претседател и членови на Државната комисија за жалби по јавни набавки, поднесен од пратеникот Илија Димовски;
10. Предлог на закон за ратификација на Протоколот за стратегиска оценка на влијанието врз животната средина кон Конвенцијата за оценување на влијанијата врз животната средина во прекуграничен контекст;
11. Предлог на закон за претворање на побарувањата на Република Македонија по основ на данок на додадена вредност, данокот од добивка, персонален данок на доход, придонеси за пензиско и инвалидско осигурување како и камати и споредни даночни давачки и обврски по основ на денарски кредити во траен влог во Јавното претпријатие за стопанисување со шуми „Македонски шуми“ П.О. Скопје (второ читање);

12. Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за оружјето (второ читање);
13. Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за производство и промет на вооружување и воена опрема (второ читање);
14. Предлог на закон за изменување на Законот за јавните претпријатија (второ читање);
15. Дополнет предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за трговските друштва (второ читање);
16. Дополнет предлог на закон за индустриски - зелени зони (второ читање);
17. Предлог на закон за поддршка на домашната музичка продукција (второ читање);
18. Предлог на закон за задолжување на М-НАВ АД Скопје со заем кај Европската банка за обнова и развој по Договорот за заем по Проектот за надградба на македонскиот систем за воздухопловна навигација - втора фаза без државна гаранција, по скратена постапка;
19. Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за студентскиот стандард, по скратена постапка;
20. Предлог на закон за дополнување на Законот за Бирото за развој на образованието, по скратена постапка;
21. Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за учебници за основно и средно образование, по скратена постапка;
22. Предлог на закон за изменување на Законот за трговските друштва, по скратена постапка, поднесен од пратениците Владанка Авировиќ и Нада Станчевска;
23. Предлог на закон за дополнување на Законот за превоз во патниот сообраќај, по скратена постапка, поднесен од пратениците Илија Димовски, Владимир Ѓорчев и Ѓорѓи Коџобашија;
24. Предлог на закон за дополнување на Законот за заштита на културното наследство (прво читање);
25. Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за користење и располагање со стварите на државните органи (прво читање);
26. Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за стручно образование и обука (прво читање);
27. Предлог на закон за изменување на Законот за иновациската дејност (прво читање);
28. Предлог на закон за дополнување на Законот за просветната инспекција (прво читање);
29. Предлог на закон за националната рамка на квалификации (прво читање);
30. Предлог на закон за матичен број (прво читање);
31. Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за сигурност во железничкиот систем (прво читање);
32. Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за внатрешната пловидба (прво читање);
33. Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за градење (прво читање);
34. Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за градежно земјиште (прво читање);
35. Барање за давање автентично толкување на член 10 од Законот за судски такси, поднесено од градоначалникот на општина Босилово;
36. Барање за давање автентично толкување на член 5 став 1 точка 12, член 30 и член 38 став 1 од Законот за спречување и заштита од дискриминација, поднесено од пратеникот Павле Саздов;
37. Барање за давање автентично толкување на член 31 ставови 1 и 7 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, поднесено од пратеникот Реџаил Исмаили;
38. Барање за давање автентично толкување на член 4, а во врска со член 18 став 6 од Законот за определување на услов за ограничување за вршење на јавна функција, пристап на документи и објавување на соработка со органите на државната безбедност, поднесено од пратеникот Јани Макрадули.