Вторник, 27 август 2013 година, 12.00 часот, Сала 1
ШЕЕСЕТ И ДЕВЕТТА СЕДНИЦА НА СОБРАНИЕТО НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА
(започната на 26.8.2013 год.) (прво продолжение)
Дневен ред:
...
18. Предлог на закон за задолжување на М-НАВ АД Скопје со заем кај Европската банка за обнова и развој по Договорот за заем по Проектот за надградба на македонскиот систем за воздухопловна навигација - втора фаза без државна гаранција, по скратена постапка;
19. Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за студентскиот стандард, по скратена постапка;
20. Предлог на закон за дополнување на Законот за Бирото за развој на образованието, по скратена постапка;
21. Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за учебници за основно и средно образование, по скратена постапка;
22. Предлог на закон за изменување на Законот за трговските друштва, по скратена постапка, поднесен од пратениците Владанка Авировиќ и Нада Станчевска;
23. Предлог на закон за дополнување на Законот за превоз во патниот сообраќај, по скратена постапка, поднесен од пратеникот Илија Димовски, Владимир Ѓорчев и Ѓорѓи Коџобашија;
...
34. Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за градежно земјиште (прво читање);
35. Барање за давање автентично толкување на член 10 од Законот за судски такси, поднесено од градоначалникот на општина Босилово;
36. Барање за давање автентично толкување на член 5 став 1 точка 12, член 30 и член 38 став 1 од Законот за спречување и заштита од дискриминација, поднесено од пратеникот Павле Саздов;
37. Барање за давање автентично толкување на член 31 ставови 1 и 7 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, поднесено од пратеникот Реџаил Исмаили;
38. Барање за давање автентично толкување на член 4, а во врска со член 18 став 6 од Законот за определување на услов за ограничување за вршење на јавна функција, пристап на документи и објавување на соработка со органите на државната безбедност, поднесено од пратеникот Јани Макрадули.