Среда, 29 август 2012 година, 11,00 часот, Сала 1
ТРИЕСЕТ И СЕДМА СЕДНИЦА НА СОБРАНИЕТО НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА
(започната на 23.7.2012 год.) (седмо продолжение)
Дневен ред:
...
31. Предлог на закон за изменување на Законот за регистрирање на готовински плаќања (прво читање), поднесен од пратениците: Радмила Шекеринска, Гордан Георгиев, Наташа Савова, Игор Ивановски, Тања Томиќ, Ана Павловска Данева, Оливер Спасовски, Горан Минчев, Благоја Стојановски, Самка Ибраимоски, Драгиша Милетиќ, Марјанчо Николов, Маринела Тушева, Емилијан Станковиќ, Билјана Казанџиска, Миле Андонов, Голубчо Ангелов, Станка Анастасова, Андреј Петров, Панче Орцев, Горан Сугарески, Цветанка Иванова, Саве Марачков, Светлана Мазгалоска Вучетиќ, Борче Ставров, Јани Макрадули, Весна Бендевска, Митре Велјаноски, Ердоган Сарач, Дивна Јофковска Ефтимоска, Менде Диневски, Стојко Пауновски, Рејхан Дурмиши, Фијат Цаноски, Ленче Николовска, Мевмет Џемајлоски, Сафет Бишевац, Тито Петковски, Горан Мисовски, Соња Мираковска и Николче Ацевски;
32. Предлог на закон за изменување на Законот за трансформација на Јавното претпријатие за стопанисување со станбен и деловен простор на Република Македонија (прво читање), поднесен од пратеникот Ивон Величковски;
33. Годишен извештај за работата на Државниот совет за превенција на малолетничко престапништво и за состојбите во областа на правата на детето и малолетничкото престапништво во 2011 година;
34. Годишен извештај на Агенцијата за супервизија на осигурување за состојбата и движењата на пазарот на осигурување во Република Македонија во 2011 година;
35. Годишен извештај за работењето на Агенцијата за супервизија на осигурување во 2011 година;
36. Финансиски извештај на Агенцијата за супервизија на осигурување за 2011 година;
37. Извештај за работата на Комисијата за хартии од вредност на Република Македонија во 2011 година;
38. Годишен извештај за извршените ревизии и за работeњето на Државниот завод за ревизија во 2011 година;
39. Измена и дополнување на Годишната програма за работа на Агенцијата за електронски комуникации за 2012 година;
40. Предлог на одлука за давање согласност на Статутарната одлука за изменување и дополнување на Статутот на Агенцијата за електронски комуникации;
...
42. Барање за давање автентично толкување на член 23 од Законот за постапување со бесправно изградени објекти, поднесено од градоначалникот на општина Ново Село;
43. Барање за давање автентично толкување на одделни одредби од Законот за градење, поднесено од Советот на општина Делчево;
44. Барање за давање автентично толкување на член 25 точка 9 од Законот за даноците на имот, поднесено од градоначалникот на општина Гостивар.