Четврток, 18 август 2011 година, 10,00 часот, Сала 3
КОМИСИЈА ЗА ЕВРОПСКИ ПРАШАЊА
Предлог на дневен ред:
1. Предлог на закон за млади (прво читање);
2. Предлог на закон за изменување и дополнување на Кривичниот законик (прво читање).
Предлогот на дневниот ред се дополнува со:
1. Предлог-закон за ратификација на Дополнителниот протокол кон Договорот за изменување и пристапување кон Централноевропскиот договор за слободна трговија (прво читање);
2. Предлог деловник за работа на Комисијата за европски прашања на Собранието на Република Македонија;
3. Излагање на заменик-претседателот на Владата за европски прашања д-р Теута Арифи, за активностите во врска со текот на процесот на евроинтеграцијата во Република Македонија.