Најави
Понеделник, 22 август 2011 година, 12,00 часот, Сала на Уставна комисија
КОМИСИЈА ЗА НАДВОРЕШНА ПОЛИТИКА
Предлог на дневен ред:
1. Предлог на закон за ратификација на Протоколот за привилегии и имунитети на Центарот за спроведување на Законот во Југоисточна Европа;
2. Предлог-закон за ратификација на Договорот меѓу Владата на Република Македонија и Владата на Црна Гора за заемно потикнување и заштита на инвестиции;
3. Предлог-закон за ратификација на Договорот за основање на Антикорупциска академија како меѓународна организација;
4. Предлог-закон за ратификација на Спогодбата меѓу Владата на Република Македонија и Владата на Република Србија за преземање на лица со нелегален влез или престој;
5. Предлог-закон за ратификација на Спогодбата меѓу Владата на Република Македонија и Владата на Република Србија за регулирање на режимот за локален граничен сообраќај;
6. Предлог-закон за ратификација на Договорот за воен гарант меѓу Владата на Република Македонија и Владата на Република Турција и Протокол за спроведување на финансиска поддршка меѓу Министерството за одбрана на Република Македонија и Министерството за национална одбрана на Република Турција;
7. Предлог-закон за ратификација на Договорот за економска соработка меѓу Владата на Република Македонија и Владата на Црна Гора;
8. Предлог-закон за ратификација на Дополнителниот Протокол кон Договорот за изменување и пристапување кон Централно-европскиот Договор за слободна трговија.
Предлогот на дневниот ред се дополнува со:
1. Предлог-закон за ратификација на Договорот меѓу Република Македонија и Кралството Норвешка за одбегнување на двојно оданочување и заштита од фискална евазија по однос на даноците на доход.