Четврток, 26 август 2010 година, 10,00 часот, Сала 4
ЗАКОНОДАВНО-ПРАВНА КОМИСИЈА
Предлог на дневен ред:

1. Предлог на закон за кривичната постапка (прво читање);

2. Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за заштита на личните податоци (прво читање);

3. Предлог на закон за меѓународна соработка во кривичната материја (второ читање);
4. Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за заштита и спасување (второ читање);
5. Предлог на закон за прогласување на локалитетот Локви-Големо Коњари за споменик на природата (прво читање);
6. Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за управување со отпад (второ читање);
7. Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за просторно и урбанистичко планирање (второ читање);

8. Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за работните односи (второ читање);
9. Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за доброволно капитално финансирано пензиско осигурување (второ читање);
10. Барање за давање на автентично толкување на член 32 став 1 од Законот за нотаријатот, поднесено од пратеникот Катерина Димеска;
11. Утврдување на пречистен текст на Законот за воздухопловство.
Предлогот на дневниот ред се дополнува со:
1. Предлог на закон за ратификација на Спогодбата меѓу Владата на Република Македонија и Владата на Руската Федерација за регулирање на обврските на поранешниот СССР по пресметките сврзани со стоковната размена меѓу поранешниот СССР и поранешната СФРЈ;
2. Предлог на закон за ратификација на Договорот меѓу Владата на Република Македонија и Владата на Република Бугарија за основање и функционирање на заеднички контакт центар за полициска и царинска соработка;
3. Предлог на закон за ратификација на Договорот меѓу Владата на Република Македонија и Владата на Чешка Република за соработка во борба против криминалот;
4. Предлог на закон за задолжување на Република Македонија со заем кај Европската банка за обнова и развој по Договорот за заем за Проектот за подобрување на железничката пруга на Коридор 10 (прво читање);
5. Предлог на закон за дополнување на Законот за заштита од бучава во животната средина (прво читање);
6. Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за животната средина (прво читање);

7. Предлог на закон за управување со батерии и акумулатори и отпадни батерии и акумулатори (прво читање);
8. Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за превоз во патниот сообраќај (прво читање);
9. Исправка на Законот за изменување и дополнување на Законот за јавна чистота („Службен весник на Република Македонија“ бр. 88/2010);
10. Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за јавните патишта (прво читање);

11. Предлог на закон за квалитет на земјоделски производи (прво читање).