Вторник, 22 декември 2009 година, 10,00 - 12,30 часот, Сала “Борис Трајковски“
Јавна расправа по работната верзија на Предлог законот за авторското право и сродните права
Националниот совет за евроинтеграции продолжува со организирање на јавни расправи за законите за кои е неопходна поширока дебата, а која ќе овозможи донесување на квалитетни закони и квалитетна подготовка за прифаќање на обврските од членството на Република Македонија во Европската унија.
Во таа насока Националниот совет за евроинтеграции организира Јавна расправа по работната верзија на Предлог законот за авторското право и сродните права.
Јавната расправа ќе се одржи на 22 декември (вторник) 2009 година, во сала “Борис Трајковски“ со почеток во 10,00 часот.
Јавната расправа ќе биде отворена за медиуми.