Петок, 17 декември 2010 година
Датумот за членство на Македонија во ЕУ ќе се дискутира за време на унгарското претседателство
Пристапните преговори за добивање на датум за членство на Македонија во Европската унија ќе се дискутираат за време на унгарското претседателство со Унијата, кое почнува од 1 јануари 2011 година, беше заклучено на вториот ден од Самитот на лидерите на 27-те земји-членки на ЕУ, за време на кој Црна Гора доби статус земја-кандидат за членство во ЕУ.
Со ова, шефовите на држави и влади на ЕУ само го прифатија заклучокот на Министерскиот совет од 14 декември.
„Продолжувањето на добрососедските односи, вклучувајќи и заедничко прифатливо решение за прашањето за името под покровителство на ОН е од суштинско значење. Советот го поздравува воспоставениот дијалог на високо ниво меѓу Македонија и Грција и очекува тој наскоро да донесе резултати“, стои во заклучокот.
Од Македонија се бара да продолжи со реформите во судството, јавната администрација, спроведувањето на Охридскиот договор, со борбата против корупцијата, да направи напредок во однос на политичкиот дијалог, слободата на изразување и бизнис климата.
Прочитај повеќе
Четврток, 16 декември 2010 година
Заложби за финансиска стабилност на еврозоната

Лидерите на 27-те земји-членки на Европската унија, денеска и утре ќе одржат Самит во Брисел, на кој ќе расправаат за плановите за создавање на постојан механизам за зачувување на финансиската стабилност на еврозоната
Прочитај повеќе
Среда, 15 декември 2010 година
Усвоен буџетот на Еу и одобрена „Граѓанската иницијатива“

На пленарната седница на Европскиот парламент, која се одржува од 13 до 16 декември, беше усвоен буџетот на Европската унија за 2011 година, кој вклучува повеќе средства за приоритетите определени од членовите на Европарламентот, а беше одобрена и „Граѓанската иницијатива“.
Прочитај повеќе
Понеделник, 13 декември 2010 година
Пленарна седница на Европарламентот

Од 13 до 16 декември Европскиот парламент ќе одржи пленарна седница, на која, меѓу другото, ќе се дискутира за актуелната ситуација со „Викиликс“, ќе се гласа за буџетот на Европската унија за 2011 година и ќе се расправа за годишниот извештај на Парламентот за состојбата на човековите права во светот.
Прочитај повеќе
Сабота, 11 декември 2010 година
Историски компромис за климатските промени

На Самитот за климатските промени во Канкун, Мексико, учесниците од 194 држави постигнаа историски компромис во меѓународните преговори на ова поле. Новиот климатски договор, меѓу другото, предвидува намалување на емисиите на метан и создавање „Зелен фонд“ во земјите во развој
Прочитај повеќе
Петок, 10 декември 2010 година
Меѓународен ден на човековите права
По повод 10 декември - Денот на човековите права, генералниот секретар на Советот на Европа, г. Торбјорн Јагланд и министерот за надворешни работи на Турција и претседател на Комитетот на министрите, г. Ахмет Давутоглу, изјавија дека реформата на Европскиот суд за човекови права е во полн тек, а паралелно напредуваат преговорите за пристапување на Европската унија кон Европската конвенција за човековите права, кои се надеваат дека ќе бидат завршени во првата половина од 2011 година.
„2010-та е година на 60-годишнината од Европската конвенција за човековите права, но и година на консолидирање и ширење на единствен механизам за заштита на основните права и слободи. Консолидираното и искрено паневропско пространство на заеднички стандарди и човекови права, ќе биде историски чекор напред во борбата за поттикнување и заштита на човековите права во цела Европа“, стои во нивната изјава.
Тие истакнаа дека Европа продолжува да се соочува со нови и тешки предизвици, вклучително и оние кои произлегуваат од потребата да се осигура најдобар начин за интеграција, за заеднички живот со различен културен и религиозен карактер, со почитување на основните вредности и човекови права, спречување на ширењето на нетолерантноста и дискриминацијата.
За Советот на Европа, тоа е политичка потреба, морален императив и законска должност.
Прочитај повеќе
Вторник, 7 декември 2010 година
Самит ЕУ - Русија

Заедничките предизвици на Брисел и Москва, глобалната економија и климатските промени, билатералните односи, вклучително и програмата Партнерство за модернизација, како и регионалните и меѓународните прашања, се главните теми кои ќе бидат во фокусот на 26. Самит на Европската унија и Русија, кој се одржува во Брисел
Прочитај повеќе
Петок, 3 декември 2010 година
Меѓународен ден на лицата со инвалидитет
Трети декември е ден на кој се одбележува Меѓународниот ден на лицата со инвалидитет. Еден од секои десет Европејци има тежок или помалку сериозен инвалидитет и токму затоа потребно е општеството како целина да се прилагоди кон нивните потреби, а не обратно.
Иако, политиките за лицата со инвалидитет често се финансиски или материјално ограничени, акцентот треба да биде ставен на нивна потполна интеграција во општеството.
Во април 2006 година, Советот на Европа го усвои Акциониот план 2006-2015 за лицата со инвалидитет, којшто содржи 15 насоки за делување, вклучувајќи го учеството во политичкиот, јавниот и културниот живот, образованието, информациите и комуникацијата, вработувањето, достапноста на архитектурната средина и транспортот.
Годишното почитување на Меѓународниот ден на лицата со хендикеп има за цел да промовира разбирање на полето на хендикеп и да се мобилизира поддршка за достоинството, правата и благосостојбата на лицата со хендикеп, како и поголема свест за интеграција на лицата со попреченост во секој аспект на политичкиот, социјалниот, економскиот и културниот живот.
Прочитај повеќе
Среда, 1 декември 2010 година
Светски ден против сидата

Денеска, на 1 декември, по дваесет и втори пат се одбележува Светскиот ден на борбата против сидата. Со носење црвена панделка им се дава поддршка на 33 милиони луѓе во светот заболени од сидата, од кои 2,5 милиони деца
Прочитај повеќе