Среда, 21 декември 2011 година

Дополнително финансирање на сиромашните земји

Европската комисија најави обезбедување дополнителни финансиски средства за Проектот „Милениумски развојни цели“, кои ќе бидат наменети за 36 африкански, карипски и пацифички земји, со цел намалување на сиромаштијата, гладот и смртноста на децата, како и подобро здравје на мајките, чиста вода и хигиена.

Подобар пристап до храна за најсиромашните домаќинства на Хаити, обезбедување млеко за децата во градинките и основните училишта во Руанда, зголемување на бројот на здравствените работници во Гана и зачувување на водата во Самоа, се само дел од активностите кои е предвидено да бидат финансирани во наредниот период.

Иницијативата за финансирање на сиромашните подрачја беше промовирана на Самитот на Обединетите нации во Њујорк во септември 2010 година, а го опфаќа периодот до 2015 година.

Извештајот за 2011 година на Милениумските цели на ОН, покажува дека е направен значаен напредок во некои цели.


Среда, 14 декември 2011 година

Предлог за поедноставно враќање на визите за Западен Балкан

Министрите за внатрешни работи на земјите од Европската унија предложија механизам, според кој, по итна постапка, во вонредни ситуации, може да се вратат визите за некоја земја од Западен Балкан, во случај на голем наплив на мигранти. За да стапи на сила, оваа одлука треба да ја усвои Европскиот парламент



Среда, 14 декември 2011 година

Самит ЕУ-Русија

Европската унија и Русија во Брисел го одржуваат 28. самит, на кој во фокусот се светската економија и прашањата поврзани со односите меѓу ЕУ и Русија, приемот на Русија во Светската трговска организација, безвизниот режим и партнерството за модернизација



Понеделник, 12 декември 2011 година

Пленарна седница на Европарламентот

Европскиот парламент во Стразбур од 12 до 15 декември ќе одржи пленарна седница, за време на која претседателот Јержи Бузек ќе се осврне на својата работа во текот на 2,5 годишниот мандат, кој истекува на 17 јануари 2012 година, а Полското претседателство со ЕУ, кое завршува на крајот од годинава, ќе поднесе извештај за сработеното во изминатите шест месеци



Петок, 9 декември 2011 година

Потпишан договорот за членство на Хрватска во ЕУ

Лидерите на 27-те земји-членки на Европската унија, претседателот и премиерот на Хрватска, г. Иво Јосиповиќ и г-ѓа Јадранка Косор, денеска во Брисел, го потпишаа договорот за членство на Хрватска во европското семејство. Преостанува уште да се спроведе референдумот во Хрватска за членство во ЕУ и ратификацијата во земјите-членки на ЕУ.



Четврток, 1 декември 2011 година

„Зелено светло“ за членство на Хрватска во ЕУ

Европскиот парламент, со 564 гласа „за“, 38 „против“ и 32 „воздржани“, го изгласа договорот за членство на Хрватска во Европската унија, за време на вториот ден од пленарната седница во Брисел



Четврток, 1 декември 2011 година

Светски ден за борба против сидата

Денешниот ден, 1 декември, е Светски ден за борба против сидата, кој во Македонија се одбележува под мотото „Визијата за свет со нула ХИВ-инфекции, нула дискриминација и свет со нула смртни случаи асоцирани со СИДА“. На овој ден секоја година организации и физички лица од целиот свет спроведуваат кампања во светски рамки за информирање на луѓето за опасноста од оваа болест, начините на пренесување и превентива.

Click