Среда, 28 декември 2011 година, 12,00 часот, Сала 1
ОСУМНАЕСЕТТА СЕДНИЦА НА СОБРАНИЕТО НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА
(започната на 19.12.2011 год.)(седмо продолжение)
Дневен ред:
...
21. Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за придонеси од задолжително социјално осигурување, по скратена постапка;
22. Предлог на закон за дополнување на Законот за бесплатна правна помош, по скратена постапка;
23. Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за процена, по скратена постапка;
24. Предлог на закон за претворање на побарувањата на Република Македонија по основ на јавни давачки во траен влог во друштвото АД за истражување, проектирање, производство и изградба на енергетски индустриски објекти со полна одговорност ЕМО Охрид, по скратена постапка;
25. Годишна програма за работа на Агенцијата за електронски комуникации за 2012 година;
26. Предлог на одлука за одобрување на Годишната програма за работа на Агенцијата за пошти за 2012 година;
27. Предлог на одлука за давање согласност на Статутарната одлука за изменување на Статутот на Универзитетот “Гоце Делчев“ - Штип;
28. Барање за давање автентично толкување на член 2 став 1 точка 5, во врска со член 2 став 1 точка 9 од Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата, поднесено од пратеникот Стојко Пауноски.