Четврток, 1 декември 2011 година, 11,00 часот, Сала 4
ЗАКОНОДАВНО-ПРАВНА КОМИСИЈА
Предлог на дневен ред:
1. Предлог-закон за ратификација на Договорот меѓу Владата на Република Македонија и Одборот на директори на Регионалниот Центар за Централна и Источна Европа за регулирање на правниот статус на Регионалниот центар за животна средина за Централна и Источна Европа во Република Македонија;
2. Предлог-закон за ратификација на Конвенцијата за правата на лица со инвалидност и Факултативниот Протокол кон Конвенцијата за правата на лица со инвалидност;
3. Предлог-закон за ратификација на Спогодбата меѓу Владата на Република Македонија и Владата на Република Србија за условите за патување на државјаните на двете земји;
4. Предлог-закон за ратификација на Договорот за оперативна и стратешка соработка помеѓу Република Македонија и Канцеларијата на Европската полиција;

5. Предлог-закон за дополнителна супервизија на финансиски конгломерат (прво читање);
6. Предлог-закон за вложување на Република Македонија во акционерскиот капитал на Европа Ре (прво читање);
7. Предлог-закон за изменување и дополнување на Царинскиот закон (прво читање);
8. Предлог-закон за изменување и дополнување на Законот за Царинска тарифа (прво читање);
9. Предлог-закон за изменување на Законот за платниот промет (прво читање);
10. Предлог-закон за дополнување на Законот за регистрирање на готовински плаќања (прво читање);
11. Предлог-закон за изменување и дополнување на Законот за јавните набавки (прво читање);
12. Предлог-закон за задолжување на Република Македонија кај Меѓународната банка за обнова и развој - Светската банка по Договорот за заем за финансирање на Проектот за осигурување од природни катастрофи (прво читање);
13. Предлог-закон за изменување и дополнување на Законот за водостопанствата (прво читање);
14. Предлог-закон за изменување и дополнување на Законот за безбедност на храната (прво читање);
15. Предлог-закон за изменување и дополнување на Законот за безбедност на храната за животни (прво читање);
16. Предлог закон за изменување и дополнување на Законот за ловство (прво читање);
17. Предлог-закон за изменување и дополнување на Законот за учебници за основно и средно образование (прво читање);

18. Предлог-закон за изменување и дополнување на Законот за лековите и медицинските помагала (прво читање);
19. Предлог на закон за изменување на Кривичниот законик (прво читање);
20. Предлог-закон за изменување на Кривичниот законик (прво читање);
21. Предлог-закон за Посебен регистар за лица осудени со правосилна пресуда за кривични дела за сексуална злоупотреба на малолетни лица и педофилија (прво читање);
22. Предлог-закон за исплата на пензии и пензиски надоместоци од капитално финансирано пензиско осигурување (прво читање);
23. Предлог-закон за дополнување на Законот за пензиското и инвалидското осигурување (прво читање);
24. Предлог-закон за изменување на Законот за плата и други надоместоци на избрани и именувани лица во Република Македонија (прво читање);
25. Предлог-закон за изменување на Законот за исплата на платите во Република Македонија (прво читање);
26. Предлог-закон за минимална плата во Република Македонија (прво читање);
27. Предлог-закон за изменување на Законот за вработувањето и осигурување во случај на невработеност (прво читање);
28. Предлог-закон за дополнување на Законот за домување (прво читање);
29. Предлог-закон за изменување и дополнување на Законот за градење (прво читање);
30. Предлог-закон за изменување и дополнување на Законот за радиодифузната дејност (прво читање);
31. Предлог-закон за изменување и дополнување на Законот за електронските комуникации (прво читање);
32. Предлог на закон за дополнување на Законот за лична карта (прво читање);
33. Предлог-закон за попис на населението, домаќинствата и становите во Република Македонија 2012 година (прво читање).
Предлогот на дневниот ред се дополнува со:
1. Статутарна одлука за изменување на Статутот на Универзитетот „Гоце Делчев“ - Штип ( II фаза).