Петок, 9 декември 2011 година, 14,00 часот, Сала 4
ЗАКОНОДАВНО-ПРАВНА КОМИСИЈА
Предлог на дневен ред:
1. Предлог-закон за дополнување на Законот за виното, по скратена постапка;
2. Предлог-закон за дополнување на Законот за експропријација, по скратена постапка;
3. Предлог-закон за изменување и дополнување на Законот за основното образование, по скратена постапка;
4. Предлог-закон за изменување и дополнување на Законот за средното образование, по скратена постапка;
5. Предлог-закон за изменување на Законот за јавните службеници, по скратена постапка и
6. Предлог-закон за изменување на Законот за државните службеници, по скратена постапка.
Предлогот на дневниот ред се дополнува со:
1. Барање за давање на автентично толкување на член 31 од Законот за постапување со бесправно изградени објекти, поднесено од пратеникот Газменд Алији;
2. Барање за давање на автентично толкување на член 128 став 2 од Законот за градење, поднесено од градоначалникот на општина Гази Баба Тони Трајковски.