Понеделник, 14 декември 2009 година
".eu" ИНТЕРНЕТ ДОМЕН ДОСТАПЕН НА СИТЕ ЈАЗИЦИ НА ЕУ

Од 10 декември 2009 година, сите граѓани на Европа, приватниот сектор и организациите, може да регистрираат „.eu“ веб-страни, користејќи ги знаците на сите 23 официјални јазици на Европската унија. Тоа значи дека при регистрацијата ќе може да се употребуваат и кирилични имиња, како на пример www.роуминг.eu, согласно со новите правила на ЕУ, усвоени од Комисијата во јуни 2009 година (IP/09/1044)
Прочитај повеќе
Петок, 11 декември 2009 година
Европската комисија одобри околу 1,5 милијарди евра за петнаесет енергетски проекти

Европската комисија на 9 декември одобри петнаесет енергетски проекти кои значително ќе придонесат кон економското закрепнување на Европската унија. Истовремено ќе се придонесе за зголемување на енергетската сигурност и намалување на емисиите на јаглерод диоксид. Комисијата одобри една милијарда евра за шест проекти за собирање и складирање на јаглерод и 565 милиони евра за девет проекти за енергија произведена од ветар.
Прочитај повеќе
Петок, 4 декември 2009 година
Унифицирана заштита на патенти во Европската унија
На дневниот ред на министерската средба на Советот за конкуренција, што се одржува на 3 и 4 декември 2009 година се разгледува заедничкиот систем за патенти како значаен фактор за подобрување на климата за иновации во Европската унија. Генерална тема на состанокот е Стратегијата на ЕУ за развој и работни места за периодот после 2010 година
Прочитај повеќе
Четврток, 3 декември 2009 година
Конференција во Мадрид посветена на Шпанското претседателство со ЕУ
На 3 и 4 декември во Мадрид се одржува Конференција на која ќе учествуваат претседателот на Европскиот парламент, г. Јержи Бузек, премиерот на Владата на Шпанија, г. Хозе Луис Родригес Запатеро, министри од шпанската влада, членови на Шпанскиот парламент и лидери на политичките групи во Европскиот парламент. На конференцијата се дискутира за Шпанското претседателство со ЕУ, кое започнува од 1 јануари 2010 година
Прочитај повеќе
Вторник, 1 декември 2009 година
ЛИСАБОНСКИОТ ДОГОВОР СТАПУВА НА СИЛА

Денес стапува во сила Лисабонскиот договор. Настанот ќе биде одбележан со церемонија во градот Лисабон, организиран од страна на Португалската влада, Шведското претседателство со ЕУ и Европската комисија.
Прочитај повеќе
Вторник, 1 декември 2009 година
Нов состав на Европската комисија
Претседателот на Европската комисија, г. Жозе Мануел Баросо, на 27 ноември 2009 година го објави составот на новата Европска комисија. Се очекува новиот тим да ја исполни агендата за промени што г. Баросо ја одреди во политичкиот водич во септември, по неговата номинација од земјите-членки, а пред неговото назначување за претседател на Комисијата од страна на Европскиот парламент.
Прочитај повеќе