Четврток, 23 декември 2010 година, Ерусалим

ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА СОБРАНИЕТО НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА ОСТВАРИ СРЕДБА СО ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА ДРЖАВАТА ИЗРАЕЛ, Г. ШИМОН ПЕРЕЗ

Претседателот Вељаноски уште еднаш изрази задоволство од топлиот и срдечен прием, потенцирајќи дека Државата Израел во Република Македонија има искрен пријател кој води сметка за нејзините витални интереси. Република Македонија како членка на НАТО и Европската унија ќе биде поддржувач на Државата Израел. Искажувајќи задоволство од високото ниво на остварени посети оваа година, претседателот нагласи дека тоа е показател за интензивниот развој на односите меѓу двете земји.



Среда, 22 декември 2010 година, Ерусалим

ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА СОБРАНИЕТО НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА ОСТВАРИ СРЕДБА СО СВОЈОТ КОЛЕГА, ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА ИЗРАЕЛСКИОТ КНЕСЕТ, Г. РЕУВЕН РИВЛИН

 „Пријателските односи меѓу Македонија и Израел се потврдија со топлиот и срдечен прием кој беше организиран на највисоко ниво. На тој начин дадовме порака дека односите меѓу двете земји се на такво ниво на кое би позавиделе други држави“ изјави претсетаделот Вељаноски.



Вторник, 21 декември 2010 година, Ерусалим

Средба на собраниска делегација, предводена од претседателот Вељаноски, со министерот за надворешни работи и вицепремиер на Државата Израел, г. Авигдор Либерман

Делегација на Собранието на Република Македонија, предводена од претседателот на Собранието на Република Македонија, г. Трајко Вељаноски, а во чиј состав се и пратениците г. Павле Трајанов, претседател на Пратеничката група за соработка со парламентот на Државата Израел, г-ѓа Славица Грковска и г. Џеват Адеми членови на групата, во првиот дел од официјалната посета на Државата Израел, оствари средба со вицепремиерот и министер за надворешни работи на Државата Израел, г. Авигдор Либерман



Понеделник, 6 декември 2010 година

Големата македонска заедница во Австралија - значајна за пријателските односи меѓу Македонија и Австралија

Претседателот на Собранието на Република Македонија, г.Трајко Вељаноски, го прими новоименуваниот вонреден и ополномоштен амбасадор на Австралија во Република Македонија, со седиште во Белград, Н.Е. д-р Хелена Стадерт



Понеделник, 6 декември 2010 година

Данска го поддржува проширувањето на ЕУ

Претседателот на Собранието на Република Македонија, г. Трајко Вељаноски, го прими новоименуваниот вонреден и ополномоштен амбасадор на Кралството Данска, со седиште во Виена, Н.Е. Торбен Брил



Четврток, 2 декември 2010 година

Средба на претседателот г. Трајко Вељаноски со претставници на Национален совет на инвалидски организации на Република Македонија

Претседателот на Собранието на Република Македонија изрази задоволство што и годинава има можност да се сретне со претставниците на Националниот совет и воедно упати честитка за утрешниот Меѓународен ден на лица со инвалидност. Воедно, Вељаноски ја потврди поддршката на сите пратеници во Собранието на Република Македонија, без оглед на нивна политичка, национална или верска припадност, во донесувањето на што покорисни и поквалитетни законски решенија кои ги засекаат лицата со инвалидност. Изрази подготвеност лично да се заложи во насока на што поскоро ратификување на Конвенцијата на ОН, како и во надминување на дел од проблемите со кои се соочуваат овие организации и за соодветно имплементирање на дел од нивните предлози. 

Click