Петок, 16 декември 2011 година
Средба на претседателот на собранието г.Трајко Вељаноски со претседателот на Србија г. Борис Тадиќ

Претседателот на Собранието, г. Трајко Вељаноски на денешната средба ги истакна високо развиените односи меѓу двете држави и народи, кои постојано се надградуваат и посебно стави акцент на заедничката иднина во рамките на процесот на интеграција во Европската унија. Како парламент ние сме подготвени со нашите српски колеги да ги споделиме сите искуства во тој процес, истакна Вељаноски
Прочитај повеќе
Понеделник, 12 декември 2011 година
Протоколарна средба на претседателот Трајко Вељаноски со новоименуваниот амбасадор на Република Австрија, г. Томас Михаел Бајер

Една од темите која беше отворена на средбата беше и продлабочувањето на економската соработка, која во моментов се одвива во позитивна насока. Во таа смисла беше споменат и Форумот во Виена, организиран од страна на Стопанската комора на Австрија, кој е показател дека Македонија создава позитивна клима за инвестиции, но и дека постојат позитивни сигнали и волја за инвестирање во Македонија од страна на австриски компании.
Прочитај повеќе