Среда, 5 декември 2012 година
Учество на меѓународна конференција
Претседателот на Комисијата за надзор над работата на Управата за безбедност и контраразузнавање и на Агенцијата за разузнавање, г. Горан Минчев и заменик-претседателот на Комисијата за надзор над спроведувањето на мерките за следење на комуникациите од страна на Министерството за внатрешни работи и од Министерството за одбрана, г. Николче Ацевски ќе учествуваат на меѓународна конференција во Љубљана.
Конференцијата на тема „Состанок на чуварите: Евалуирање и подобрување на надзорот над разузнавачките служби на Западниот Балкан", ќе се одржи на 5 и 6 декември 2012 година во Љубљана, Република Словенија.
Прочитај повеќе
Вторник, 4 декември 2012 година
Делегација на Комисијата за европски прашања во Брисел
Делегација на Комисијата за европски прашања на Собранието на Република Македонија, предводена од претседателот на комисијата, Хајрула Мисини, а во состав г. Владимир Ѓорчев и г. Гордан Георгиев, од 4 до 6 декември 2012 година ќе престојува во Брисел, Кралството Белгија.
За време на посетата , која е во пресрет на декемврискиот состанок на Европскиот совет, на кој ќе се одлучува по препораката на Европската комисија за давање на датум за почеток на преговори на Македонија за ЕУ членство, делегацијата ќе има средби со повеќе европратеници во Европскиот парламент.
На средбите, покрај лобирањето за добивање на датум за преговори, ќе бидат разменети и мислења за евроинтегративните процеси во земјата.
Прочитај повеќе