Петок 10 декември 2010 година
Одбележување на Денот на човековите права
Денеска во светот се одбележува Денот на човековите права. Принципите на слобода, демократија, почитување на основните човекови права и слободи и владеењето на правото се неразделиви принципи во процесот на европска интеграција и предуслов за мир, развој и безбедност во секое општество.
Европската унија ја поттикнува универзалноста и неразделивоста на човековите права - (граѓански, политички, економски, социјални и културни) кои се зацртани во Универзалната декларација за човекови права и потврдени на Светската конференција за човекови права во Виена од 1993.
Во членот 11 од Договорот за Европската унија е дефинирано дека една од целите на Заедничката надворешна и безбедносна политика на ЕУ е развојот и зајакнување на демократијата, владеењето на правото и почитување на основните човекови права и слободи.
Човековите права се во центарот на надворешните односи на ЕУ, преку политичкиот дијалог со трети земји, развојната политика и помошта, како и учеството во мултилатерални форуми како Обединетите нации.