Понеделник, 24 декември 2012 година, 11,00 часот, Сала 1
ЧЕТИРИЕСЕТ И ДЕВЕТТА СЕДНИЦА НА СОБРАНИЕТО НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА
Дневен ред:
1. Дополнет предлог на Буџет на Република Македонија за 2013 година (второ читање);
2. Предлог за избор на судија на Уставниот суд на Република Македонија;
3. Предлог на одлука за избор на Народен правобранител;
4. Предлог за разрешување на заменик на Народниот правобранител;
5. Предлог за именување член на Регулаторната комисија за енергетика на Република Македонија;
6. Предлог за огласување именување на Јавен обвинител на Република Македонија;
7. Предлог на одлука за изменување на Одлуката за избор на претседател, заменик на претседателот, членови и нивни заменици на Комисијата за прашања на изборите и именувањата на Собранието на Република Македонија;
8. Предлог на одлука за изменување на Одлуката за избор на претседатели, заменици на претседателите, членови и нивни заменици на комисиите на Собранието на Република Македонија;
9. Предлог на одлука за изменување на Одлуката за основање на пратенички групи на Собранието на Република Македонија за соработка со парламентите на други држави и избор на претседатели и членови на пратеничките групи на Собранието на Република Македонија за соработка со парламентите на други држави;
10. Предлог на одлука за разрешување и именување на претседател и членови на Одборот за доделување на државната награда „Гоце Делчев";
11. Предлог на одлука за престанок на мандат на член на Државниот совет за превенција на малолетничко престапништво;
12. Предлог на одлука за избор на членови на Државниот совет за превенција на малолетничко престапништво;
13. Предлог на закон за ратификација на Осмиот дополнителен протокол на Уставот на Светскиот поштенски сојуз;
14. Предлог на закон за ратификација на Договорот за воена финансиска соработка помеѓу Владата на Република Македонија и Владата на Република Турција и Протоколот за спроведување на финансиска поддршка помеѓу Владата на Република Македонија и Владата на Република Турција;
15. Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за азил и привремена заштита (второ читање);
16. Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за личната карта (второ читање);
17. Предлог на закон за приватно обезбедување (второ читање);
18. Предлог на закон за изменување и дополнување на Кривичниот законик (второ читање);
19. Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за Академијата за судии и јавни обвинители (второ читање);
20. Предлог-закон за упатување работници од Република Македонија во други држави за изведување на градежни работи преку проектни договори и за вршење на други сезонски работи (второ читање);
21. Предлог-закон за изменување и дополнување на Законот за евиденциите од областа на трудот (второ читање);
22. Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за користење и располагање со стварите на државните органи (второ читање);
23. Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за персоналниот данок на доход (второ читање);
24. Дополнет предлог на закон за дополнување на Законот за платниот промет (второ читање);
25. Дополнет предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за трговските друштва (второ читање);
26. Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за заштита на природата (прво читање);
27. Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за хартии од вредност - (прво читање);
28. Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за странците (прво читање ).