Четврток, 13 декември 2012 година, 10,00 часот, Сала на Уставна комисија
јавна расправа на тема: „Како до подобра грижа и третман за лицата што живеат со ХИВ - ЛЖХИВ во Република Македонија?“
во организација на Комисијата за еднакви можности на жените и мажите и Комисијата за здравство, а во соработка со Асоцијацијата за здравствена едукација и истражување Х.Е.Р.А., работната група на лица што живеат со ХИВ - Заедно посилни и Националниот демократски институт
Поздравни обраќања:
- г-ѓа Лилјана Поповска, претседател на Комисијата за еднакви можности на жените и мажите
- г. Менде Диневски, претседател на Комисијата за здравство
- г-ѓа Тања Томиќ, потпретседател на Комисијата за здравство и претседавач на Меѓупартиската парламентарната група за ХИВ во Република Македонија
10,15-10,45 часот
Излагања:
- Како да се обезбеди континуирана терапија за ХИВ во Република Македонија, Андреј Сених, работна група за поддршка и самопомош на лицата што живеат со ХИВ - Заедно посилни
- Обезбедување на квалитетна грижа, поддршка и третман на ЛЖХИВ во Република Македонија – предизвици, проф. д-р Звонко Миленковиќ - национален координатор за ХИВ во Република Македонија
- Можности и предизвици за обезбедување на терапија за ХИВ преку механизмите на Програмата за заштита на населението од ХИВ и СИДА, д-р Јованка Костовска, сектор за превентивна програма при Министерството за здравство
- Пристап до антиретровирусна терапија - напредок и предвизици со опфат на ЛЖХИВ, Шелдоон Јет, претставник на УНИЦЕФ
10,45-11,40 часот
Дискусија
11,40-11,45 часот
Заклучоци од јавната расправа
Пријава за присуство на тел. 02 3224 150 и на l.popovska@sobranie.mk
Јавната расправа е отворена за медиуми