Петок, 28 декември 2012 година, 11,00 часот, Сала 1
ПЕДЕСЕТ И ПРВА СЕДНИЦА НА СОБРАНИЕТО НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА
Дневен ред:
1. Предлог на одлука за испраќање на припадници на Армијата на Република Македонија за учество во мировна операција во Авганистан во состав на меѓународните сили за безбедносна поддршка на Авганистан - ИСАФ;
2. Предлог за избор на член на Судскиот совет на Република Македонија;
3. Предлог на закон за задолжување на Република Македонија со заем кај Дојче Банка по Договорот за заем обезбеден со гаранција заснована на политики од Меѓународната банка за обнова и развој - Светска Банка, по скратена постапка;
4. Предлог на закон за изменување на Царинскиот закон, по скратена постапка;
5. Предлог на закон за изменување на Законот за игрите на среќа и за забавните игри, по скратена постапка.