Петок, 11 декември 2009 година

Претседателот на Собранието на Република Македонија Трајко Вељаноски денеска оствари средба со претседателот на Претставничкиот дом на Австралија Хери Џенкинс кој е во официјална посета на Република Македонија

Навистина е големо задоволство кога во посета доаѓа вистински пријател, а вие господине Џенкинс сте вистински пријател на Македонија, истакна на почетокот претседателот на Собранието господинот Вељаноски. Иако Република Македонија и Австралија се многу далеку, двете држави имаат добри билатерални односи, а во тие рамки свое место и придонес треба да дадат и двата парламента. Ме радува фактот дека и во Претставничкиот дом на Австралија е формирана група за пријателство со Република Македонија. Овие односи треба да ги развиваме и поради фактот дека во Австралија живее голема македонска дијаспора, а во Македонија многу позитивно беше прифатен билатералниот договор за социјалните права на Македонците потпишан неодамна за време на посетата на претседателот на Владата на Република Македонија господинот Никола Груевски на вашата држава, истакна претседателот на Собранието Трајко Вељаноски. Како што знаете Република Македонија се определи за евроатлантските интеграции. Во тие рамки неодамна за нашите граѓани ЕУ го укина визниот режим. Мислам дека ваков договор треба да постигнеме и со Австралија имајќи ги предвид токму врските со нашите сонародници кои живеат во Австралија, истакна Вељаноски.



Четврток, 3 декември 2009 година

Претседателот на Собранието на Република Македонија г. Трајко Вељаноски оствари средба со претседателот на Република Хрватска г. Стјепан Месиќ

На средбата беше истакнато дека целокупните односи меѓу Република Македонија и Република Хрватска перманентно одат по нагорна линија. Во тие рамки се и средбите и разговорите на највисоките државни претставници на двете држави. 



Среда, 2 декември 2009 година

Средба на претседателот на Собранието на Република Македонија, г. Трајко Вељаноски, со претседателот на Националниот совет на инвалидските организации

Претседателот на Собранието на Република Македонија, г. Трајко Вељаноски, пред утрешниот Меѓународен ден на лицата со инвалидност оствари средба со претседателот на Националниот совет на инвалидските организаци, г. Душан Нешевски, како и со претставници на инвалидските организации во Република Македонија

Click