Петок, 27 декември 2013 година
Работен состанок на претседателот Вељаноски со македонскиот дипломатски кор

Претседателот Вељаноски се заблагодари за досегашниот ангажман на македонските дипломати во насока на јакнење и унапредување на парламентарната соработка на Собранието на Република Македонија со Парламентите на другите државите и за севкупното нивно залагање во градењето позитивна слика за нашата држава, презентирање на капацитетот со кој располага и вредностите кои ги има.
Прочитај повеќе
Четврток, 19 декември 2013 година
Претседателот Вељаноски го прими новоименуваниот амбасадор на Република Србија во Република Македонија, г-ѓа Душанка Дивјак-Томиќ

Двајцата соговорници изразија задоволство за средбата и притоа претседателот на Собранието на Република Македонија, г. Трајко Вељаноски, посака успешна работа во мандатот на новоименуваниот амбасадор на Република Србија, г-ѓа Душанка Дивјак-Томиќ.
Прочитај повеќе
Четврток, 12 декември 2013 година, Тирана, Албанија
Претседателот Вељаноски во официјална посета на Република Албанија

Во рамките на официјалната посета на Република Албанија, претседателот на Собранието на Република Македонија, г. Трајко Вељаноски, се сретна со својот колега, претседателот на Собранието на Република Албанија, г. Илир Мета, со претседателот на државата, г. Бујар Нишани и со заменикот на претседателот на Владата на Република Албанија, г. Нико Пелеши
Прочитај повеќе
Четврток, 5 декември 2013 година
Средба на претседателот Вељаноски со претседателот на Владата на Унгарија, г. Виктор Орбан

Претседателот Вељаноски изрази задоволство за одлично поставените односи на парламентарно ниво во сите сегменти, одличниот интензитет на средби и соработка меѓу претседателите на парламентите, на пратеничките групи за соработка и на комисиите. Тој изрази благодараност што Унгарија го користи нашето уставно име во билатералната комуникација, истакнувајќи го истото како особено значајно за Република Македонија. Го запозна соговорникот со актуелната политичка состојба, со спроведените реформи и направените постигнувања на патот на евроинтегрирањето, позитивните извештаи од Европската комисија и препораките.
Прочитај повеќе
Понеделник, 2 декември 2013 година
СРЕДБА НА ПРЕТСЕДАТЕЛОТ ВЕЉАНОСКИ СО ИЗВЕСТИТЕЛОТ НА МОНИТОРИНГ КОМИСИЈАТА НА ПАРЛАМЕНТАРНОТО СОБРАНИЕ НА СОВЕТОТ НА ЕВРОПА ЗА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА, Г. РОБЕРТ ВАЛТЕР
Двајцата соговорници изразија задоволство што повторно имаат можност да се сретнат и да разговараат за актуелните случувања и напредокот на Република Македонија. Претседателот на Собранието на Република Македонија, г. Трајко Вељаноски, изрази задоволство од досегашното испoлнување на обврските и заложбите кон Советот на Европа. Тој дополни дека, од страна на Собранието на Република Македонија високо се ценат препораките на Советот на Европа, и преку нивното имплементирање, како и преку реформите кои ги прави Република Македонија се придонесува за поголем демократски напредок и економски развој.
Прочитај повеќе