ЕУ вести

Среда, 5 февруари 2014 година

Пленарна седница на Европарламентот

Европскиот парламент оваа седмица одржува пленарна седница во Стразбур, на која, меѓу другото, се дебатира за поефикасна и побезбедна Банкарска унија и построги казни за манипулации на финансискиот пазар.

Исто така, во фокусот ќе бидат и односите помеѓу ЕУ-Русија-Украина, а ќе се гласа и за резолуцијата во која се повикува Унијата да го засили својот ангажман со цел да стави крај на страдањата на цивилите во Сирија.

На дневен ред ќе се најдат и теми како алтернативни патувања или надомест во случај кога летовите на патниците се одложени или откажани, потоа онлајн музички услуги и др.

Click