Среда, 24 февруари 2010 годинаДводневна пленарна сесија на Европскиот парламент
Европскиот парламент на 24 и 25 февруари во Брисел ќе одржи пленарна сесија, на која, меѓу другото, ќе расправа за стратегијата за стартување на проектот за економијата во Европа, како и за човековите права, со посебен акцент на Хаити.
Грчката криза и исходот од последните претседателски избори во Украина, исто така ќе бидат дел од дневната агенда на Европарламентот.
На дводневната средба ќе се гласа за мерките за намалување на бирократијата за помалите компании, како и за планот со кој се предвидува создавање на 150 нови работни места во Парламентот и зголемување на буџетот за вработување на асистенти на членовите на Парламентот.
На дневниот ред пред европратениците ќе се најде и енергетската политика, вклучувајќи ги и климатските промени, а ќе стане збор и за реформите во рибната индустрија.