Среда, 3 февруари 2010 година, МадридСеминар за пристапувањето на ЕУ кон Европската конвенција за човекови права
Вчера и денеска во Мадрид се одржува семинар на тема „Основни права во Европската унија со оглед на пристапувањето на Унијата кон Европската конвенција за човекови права и основни слободи“.
Семинарот е во организација на шпанското претседателство со ЕУ и на Европската агенција за основни права.
Учесниците расправаат за присоединувањето на ЕУ кон Конвенцијата, потенцијалната корист на луѓето од ЕУ Повелбата за основните права, како и заштитата на основните права пред Европскиот суд за човекови права и Европскиот суд за правда.