Среда, 13 февруари 2013 година, 10,00 часот, Сала на Влада
КОМИСИЈА ЗА ТРУД И СОЦИЈАЛНА ПОЛИТИКА
Предлог на дневен ред:
1. Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за работните односи, по скратена постапка;
2. Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за безбедност и здравје при работа, по скратена постапка.
Предлогот на дневниот ред се дополнува со:
1. Годишен финансиски план за 2013 година на Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување;
2. Предлог-одлука за согласност на Одлуката за утврдување на надоместоците што ги наплатува Агенцијата за супeрвизија на капитално финансирано пензиско осигурување од пензиските друштва;
3. Предлог-одлука за согласност на Одлуката за висината на месечниот надомест што го наплатува Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување од пензиските друштва за 2013 година.