Петок, 24 февруари 2012 година

Положување венец свежо цвеќе

По повод 8-годишнината од загинувањето на поранешниот претседател на Република Македонија, г. Борис Трајковски, Делегација на Собранието на Република Македонија, предводена од потпретседателот на Собранието на Република Македонија, г-ѓа Светлана Јакимовска, а во состав г-ѓа Силвана Бонева, г. Рафет Муминовиќ, г. Игор Ивановски, г-ѓа Ленче Николовска и г. Ивон Величковски, на 26 февруари 2012 година (недела), во 11,00 часот ќе положи венец свежо цвеќе на гробот на г. Борис Трајковски, во Алејата на великаните, Градски гробишта Бутел



Четврток, 23 февруари 2012 година

Учество на Парламентарен семинар во Сараево

Во организација на Европскиот парламент и Советот за регионална соработка, на 23 и 24 февруари 2012 година, во Сараево, Федерација на Босна и Херцеговина, се одржува Парламентарен семинар на тема: „Предизвиците во областа на заштитата на животната средина и идните активности“.



Четврток, 23 февруари 2012 година

Учество на Зимската сесија на Парламентарното собрание на ОБСЕ

Од 23 до 24 февруари 2012 година во Виена, Австрија, ќе се одржи Зимската сесија на Парламентарното собрание на ОБСЕ, на кое ќе учествуваат пратениците: г. Сафет Бишевац и г. Владимир Ѓорчев, членови на Делегацијата на Собранието на Република Македонија во Парламентарното собрание на Организацијата за безбедност и соработка во Европа



Вторник, 7 февруари 2012 година

Крводарителна акција

На 8 февруари 2012 година (среда), од 09,00 до 14,00 часот, во амбулантата на Собранието на Република Македонија, пратениците и вработените во Собранието ќе даруваат крв



Петок, 3 февруари 2012 година

Положување венци свежо цвеќе

По повод 140 години од раѓањето на македонскиот револуционер Гоце Делчев, делегација на Собранието на Република Македонија ќе положи венец свежо цвеќе на неговиот гроб, во црквата „Свети Спас“, на 4 февруари 2012 година во 11,00 часот

Click