Петок, 19 февруари 2010 година

Средба на претседателот на Собранието на Република Македонија, г. Трајко Вељаноски, со Комесарот за проширување и политика на соседство, г. Штефан Фуле

На средбата, претседателот Вељаноски истакна дека Република Македонија и сите нејзини институции продолжуваат со реформите кои се потребни за нашето членство во Европската унија.
„Иако не добивме датум за започнување на преговорите, а тоа Европската комисија го препорача, ние многу сериозно и одговорно продолжуваме да работиме на остварувањето на нашата интеграција во европското семејство на кое му припаѓаме. На ова нe обврзува и фактот дека над 92 проценти од граѓаните на Република Македонија се за членство во ЕУ и НАТО. Во исто време, продолжуваме со преговорите кои се водат под покровителство на ОН и господинот Нимиц за изнаоѓање на решение за спорот со името наметнат од соседна Грција. Решавањето на спорот со името и нашето членство во ЕУ, секако, е во интерес на Република Македонија, но исто така е значајно за стабилноста и интеграцијата на регионот, како и за Европа во целост“, изјави претседателот Вељаноски



Четврток, 18 февруари 2010 година

Средба на претседателот на Собранието на Република Македонија, г. Трајко Вељаноски, со г. Јорго Шацимаркакис и г. Алојз Петерле

Претседателот на Собранието на Република Македонија, г.Трајко Вељаноски, денеска ги прими копретседавачот на Мешовитиот парламентарен комитет - Република Македонија и Европска унија, г. Јоргос Шацимаркакис и шефот на Делегацијата на Комисијата за надворешни работи на Европскиот парламент, г. Алојз Петерле



Четврток, 18 февруари 2010 година

Средба на Конгреската делегација со претседателот на Собранието на Република Македонија, г. Трајко Вељаноски

Претседателот на Собранието на Република Македонија, г. Трајко Вељаноски, денеска ја прими Конгреската делегација, предводена од конгресменот г. Ерл Померој, амбасадорот на САД во Република Македонија, г. Филип Рикер и директорот на Агенцијата за меѓународен развој на САД, г. Мајкл Фриц.

Претседателот на Собранието на Република Македонија, г. Трајко Вељаноски, се осврна на досегашната соработка на Собранието на Република Македонија и Конгресот на САД, истакнувајќи дека со нивна помош се реализирани повеќе проекти, како салата „Борис Трајковски“, која има мултифункционален карактер, реализација на проектот „Собраниска библиотека“ со цел создавање на нов библиотечен фонд, создавање на просторно-технички претпоставки за нова библиотечна просторија, итн.

Но, што е поважно, истакна претседателот Вељаноски, оваа соработка влијае на натамошното пријателство на Република Македонија и САД, како и принципите на парламентарната демократија кај нас.

Конгресменот г. Ерл Померој, истакнувајќи дека повеќепати бил во посета на Република Македонија, изрази признание за позитивниот развој на државата, а во тие рамки секако и Собранието на Република Македонија, како и  парламентаризмот во целост.

„Односите помеѓу Собранието на Република Македонија и Конгресот ние ги гледаме како квалитетно партнерство од кои двете страни можат да ги пренесат своите искуства. Посебно сум импресиониран од ефикасноста на донесувањето на законите, што значајна улога има и претседателот на Собранието на Република Македонија, а тоа зборува дека во Парламентот на Република Македонија политичкиот дијалог е на високо ниво“, истакна конгресменот г. Ерл Померој.

Во текот на разговорите двете страни ја истакнаа потребата оваа соработка и пријателство континуирано да продолжи во најразлични форми.



Среда, 10 февруари 2010 година

Средба на претседателот на Собранието на Република Македонија, Трајко Вељаноски, со вонредниот и ополномоштен амбасадор на Република Србија, Н.Е. Томислав Ѓурин

Претседателот на Собранието на Република Македонија, Трајко Вељаноски, го прими новоименуваниот и ополномоштен амбасадор на Република Србија за Република Македонија, Н.Е. Томислав Ѓурин. На средбата, претседателот Вељаноски ја нагласи својата подготвеност како претседател на Собранието да помогне во интензивирање на севкупната политичка и економска соработка меѓу двете земји, ја потенцираше исто така и заедничката придобивка со добивањето на визната либерализација, како за Република Македонија, така и за Република Србија, и ја искажа својата подготвеност да биде домаќин на возвратната официјална посета на неговата колешка, претседателот на Народното Собрание на Република Србија, Славица Ѓукиќ-Дејановиќ



Петок, 5 февруари 2010 година

Претседателот Вељаноски го презентираше Годишниот извештај за работата на Собранието на Република Македонија во 2009 година

Претседателот на Собранието на Република Македонија, г.Трајко Вељаноски, денеска во 12,00 часот, го презентираше Годишниот извештај за работата на Собранието на Република Македонија во 2009 година. Воедно, беа презентирани и двата комплетирани проекти – новата собраниска интернет страница, како и имплементираниот е-Парламент систем.

Click