Среда, 8 февруари 2012 година, 12,00 часот, Сала „Длаборез“
Давање свечена изјава
Господин Драгољуб Цакиќ, јавен обвинител во Јавното обвинителство на Република Македонија, е избран за член на Советот на јавните обвинители и по тој повод, пред претседателот на Собранието на Република Македонија, г. Трајко Вељаноски, ќе даде свечена изјава.
Се покануваат камермани и фоторепортери да го одбележат настанот.