Најави



Понеделник, 27 февруари 2012 година, 11,00 часот, Сала „Борис Трајковски“
 
Јавна расправа по Предлог-стратегијата за соработка на Владата со граѓанскиот сектор (2012-2017)
 
Националниот совет за евроинтеграции и Граѓанската платформа на Македонија организираат јавна расправа по Предлог-стратегијата за соработка на Владата со граѓанскиот сектор (2012-2017).

Целта на јавната расправа е да се обезбеди поширока дебата по Предлог-Стратегијата за соработка на Владата со граѓанскиот сектор 2012-2017, да се информираат граѓанските организации за процесот на подготовка на стратешкиот документ, да се добијат нивни мислења и коментари по текстот, да се информираат за активностите кои ќе следат како и за нивната улога во процесот.

Предлог-стратегијата ќе биде презентирана од страна на претставник на Генералниот секретаријат на Владата на Република Македонија.

Националниот совет за евроинтеграции ги повикува заинтересираните субјекти/организации  да земат активно учество во дебатата.

Пријавата за учество на јавната расправа да се достави до Националниот совет за евроинтеграции, најдоцна до 27 февруари 2012, до 10.00 часот, на следната eлектронска адреса: nsei@sobranie.mk

Јавната расправа е отворена за медиуми.

Документот може да го симнете ТУКА.

Click