Вторник, 21 февруари 2012 година, 11,00 часот, Сала 3
КОМИСИЈА ЗА ТРАНСПОРТ, ВРСКИ И ЕКОЛОГИЈА
Предлог на дневен ред:
1. Предлог-закон за прогласување на локалитетот Вевчански извори за споменик на природа (второ читање);
2. Предлог-закон за изменување и дополнување на Законот за управување со батерии и акумулатори и отпадни батерии и акумулатори (второ читање);
3. Предлог-закон за изменување и дополнување на Законот за управување со пакување и отпад од пакување (второ читање);
4. Предлог одлука за давање согласност на Предлог-годишната програма за работа и развој на Агенцијата за цивилно воздухопловство за 2012 година;
5. Предлог одлука за давање согласност на Предлог-годишниот финансиски план на Агенцијата за цивилно воздухопловство за 2012 година.
Предлогот на дневниот ред се дополнува со:
1. Информација за состојбата со рестартирањето на топилницата во Велес и изградба на желазара во Дуброво-Тремник (општина Неготино).