Среда, 29 февруари 2012 година, Австралија
Средба на претседателот на Собранието на Република Македонија, г. Трајко Вељаноски и делегацијата со претседавачите на Парламентот на Австралија

Претседателот на Собранието на Република Македонија, г. Трајко Вељаноски заедно со делегацијата од Собранието на Република Македонија, во чиј состав се пратениците Илија Димовски, Милорад Додевски, Цветанка Иванова и Џеват Адеми оствари средба со претседавачите со Парламентот на Австралија, г. Питер Слипер, претседател на Претставничкиот дом на Австралија и г. Џон Хог, претседател на Сенатот на Австралија.
Прочитај повеќе
Среда, 29 февруари 2012 година, Австралија
Средба на претседателот, г. Трајко Вељаноски и делегацијата со сенаторот на Горниот дом на Парламентот на Австралија, г. Гери Ханфрис и со сенаторот на Горниот дом на Австралија, г. Лук Симкинс

На средбата стана збор и за билатералната употреба на уставното име на Република Македонија во комуникацијата со Австралија. Претседателот Вељаноски, исто така, подвлече дека, во насока на подобрување и јакнење на соработката меѓу Австралија и Република Македонија потребно е отворање на амбасада на Австралија во Македонија и олеснување на визниот режим за македонските граѓани при патување во Австралија
Прочитај повеќе
Вторник, 28 февруари 2012 година, Викторија, Австралија
Претседателот на Собранието на Република Македонија, г. Трајко Вељаноски оствари средби со претставниците на Македонската заедница

Претседателот Вељановски, во текот на денот, оствари средба и со претставниците на Советот на Македонската заедница во Викторија, од чија страна беше информиран за активностите на Советот кои се насочени кон признавање на Република Македонија под уставното име од страна на Австралија, обединување на сите Македонци во Австралија, како и активно вклучување на Македонците во политичкиот живот на Викторија, а подоцна и на федереално ниво. Исто така, претставниците на Советот го инфомираа претседателот Вељаноски за новиот состав на претседателството, кој брои 15 члена - од кои 10 се нови членови, претставници на организациите кои членуваат во Советот
Прочитај повеќе
Вторник, 28 февруари 2012 година, Викторија, Австралија
Средба на претседателот, г. Трајко Вељаноски со поддржувачите на иницијативата за формирање на Група за соработка меѓу Парламентот на Викторија и Собранието на Република Македонија

Господин Ендру Елсбери истакна дека ќе продолжи со консултациите со претседавачите на Парламентот на Викторија и ќе побара совет и мислење од парламентот на Западна Австралија во кој веќе има формирано Група за соработка со Македонија. „Потребно е да се формира група за соработка со Собранието на Република Македонија, и истото треба да се случи што е можно поскоро“, истакна г. Елсбери
Прочитај повеќе
Понеделник, 27 февруари 2012 година
Претседателот Вељаноски во официјална посета на Австралија

Претседателот на Собранието на Република Македонија, г. Трајко Вељаноски, од денеска е во петдневна официјална посета на Австралија. Претседателот Вељаноски ја предводи Делегацијата составена од: г. Илија Димовски, претседател на Парламентарната група на Собранието на Република Македонија за соработка со Парламентот на Австралија и членовите на Групата: г. Џеват Адеми, г-ѓа Цветанка Иванова, како и г. Милорад Додевски, член и претставник на Македонската дијаспора од Австралија
Прочитај повеќе
Вторник, 21 февруари 2012 година
СРЕДБА НА ПРЕТСЕДАТЕЛОТ ВЕЉАНОСКИ СО ЕВРОПРАТЕНИЦИТЕ И „ПРИЈАТЕЛИ НА МАКЕДОНИЈА“, РИЧАРД ХОВИТ, ЕДУАРД КУКАН И АЛОЈЗ ПЕТЕРЛЕ

На средбата, претседателот Вељаноски се осврна на досегашната работа на Собранието на Република Македонија и потенцираше дека Собранието во континуитет, веќе трета година, од ЕУ добива позитивна оценка за напредокот, дека се одвива политичкиот дијалог и дека сите субјекти во Република Македонија се залагаат за што побрзо евроинтегрирање
Прочитај повеќе
Среда, 8 февруари 2012 годинаСредба на претседателот Вељаноски со амбасадорот на Република Романија, г. Фокша Јустинијан 
Претседателот на Собранието на Република Македонија, г. Трајко Вељаноски, денеска оствари протоколарна средба со новоименуваниот амбасадор на Република Романија, г. Фокша Јустинијан.
Претседателот Вељаноски, посакувајќи му успешен мандат на новоименуваниот амбасадор, истакна дека меѓу Република Македонија и Република Романија нема отворени прашања, што е добра основа за развој на билатералните односи на сите нивоа.
Соговорниците се согласија дека парламентарната соработка и на ниво на претседатели и на ниво на комисии и пратеници треба да ја одбележи 2012 година, како продолжение на билатералната соработка на ниво на претседатели на држави.
Амбасадорот Јустинијан Фокша ја повтори поддршката на Република Романија за евроатлантските интеграции на Република Македонија.
Прочитај повеќе