Вторник, 14 февруари 2012 година

Самит ЕУ-Кина

Европската унија и Кина денеска во Пекинг ќе го одржат својот 14. Самит, со цел зајакнување на меѓусебното партнерство



Понеделник, 13 февруари 2012 година

Пленарна седница на Европарламентот

Од 13 до 16 февруари, Европскиот парламент, во Стразбур, ќе одржи пленарна седница, на која во фокусот ќе бидат развојот, вработувањето и сиромаштијата

Петок, 10 февруари 2012 година

Самит ЕУ-Индија

Дванаесеттиот самит на Европската унија и Индија ќе се одржи денеска во Њу Делхи, на кој, меѓу останатото, ќе стане збор за глобалното економско управување.

ЕУ ќе ја застапуваат претседателот на Европскиот совет, г. Херман ван Ромпуј и претседателот на Европската комисија, г. Жозе Мануел Баросо, додека индиската страна ќе ја застапува премиерот, д-р Манмохан Синг.

На Самитот ќе се дискутира за економската и енергетската соработка, за интензивирање на соработката во областа на истражувањето и иновациите, како и за борбата против тероризмот и пиратеријата. Ќе се потпише и меморандум за олеснета размена на статистичките податоци и методи.

Челниците, исто така, ќе дебатираат и за случувањата во Авганистан, Пакистан, Северна Африка и Блискиот Исток, како и за иранската нуклеарна програма.


Четврток, 2 февруари 2012 година

Нови вработувања – приоритет за ЕУ

Вработувањето и зајакнувањето на економијата се од витално значење за Европската унија, беа согласни членовите на Европскиот парламент за време на вчерашната пленарна седница во Брисел, која продолжува и денеска.



Среда, 1 февруари 2012 година

Пленарна седница на Европарламентот

Европскиот парламент, денеска и утре, во Брисел, ќе одржи пленарна седница, на која европратениците ќе расправаат по повеќе прашања, меѓу кои поттикнување развој и вработување

Click