Понеделник, 17 февруари 2014 година, 11.00 часот, Сала „Борис Трајковски“
КОМИСИЈА ЗА НАДВОРЕШНА ПОЛИТИКА
Предлог на дневен ред:
1. Отчетно обраќање на амбасадорот Љубиша Георгиевски за вршењето на должноста амбасадор на Република Македонија во Република Србија;
2. Отчетно обраќање на амбасадорот Мухамед Халили за вршењето на должноста амбасадор на Република Македонија во Кралството Белгија;
3. Отчетно обраќање на амбасадорот Игор Попов за вршењето на должноста амбасадор на Република Македонија во Република Словенија;
4. Претставување на платформата за дипломатски активности на новоименуваниот амбасадор на Република Македонија во Кралството Холандија, Игор Попов;
5. Претставување на платформата за дипломатски активности на новоименуваниот амбасадор на Република Македонија во Кралството Шведска, Александра Наќева Ружин.