Среда, 12 февруари 2014 година, 11.00 часот, Сала на Влада
КОМИСИЈА ЗА ТРУД И СОЦИЈАЛНА ПОЛИТИКА
Предлог на дневен ред:
1. Предлог-закон за изменување и дополнување на Законот за семејството (второ читање);
2. Годишен финансиски план на Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување за 2014 година;
3. Предлог-одлука за давање согласност на Одлуката за висината на месечниот надомест за 2014 година што Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување го наплатува од пензиските друштва;
4. Предлог-одлука за давање согласност на Одлуката за измена на Одлуката за утврдување на висината на надоместоците што Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување ги наплатува од пензиските друштва.