Понеделник, 3 февруари 2014 година, 11.00 часот, Сала 1
ОСУМДЕСЕТ И ЧЕТВРТА СЕДНИЦА НА СОБРАНИЕТО НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА
Дневен ред:
1. Предлог за именување на непрофесионален член на Советот на експерти на Агенцијата за супервизија на осигурување;
2. Предлог на одлука за именување на заменик претседател на Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информации од јавен карактер;
3. Предлог на одлука за упатување јавен повик до овластените предлагачи за доставување предлог на кандидати за членови на Советот на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, поднесен од пратеникот Илија Димовски;
4. Предлог на одлука за упатување јавен повик до овластените предлагачи за доставување предлог на кандидати за членови на Програмскиот совет на Македонската радио телевизија, поднесен од пратеникот Илија Димовски;
5. Предлог на закон за ратификација на Договорот меѓу Владата на Република Македонија и Советот на министри на Босна и Херцеговина за одбегнување на двојното оданочување по однос на данокот од доход и данокот на капитал;
6. Предлог на закон за изменување и дополнување на Кривичниот законик (второ читање), под архивски број 07-4438/1;
7. Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за бесплатна правна помош (второ читање);
8. Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за приватизација и закуп на градежно земјиште во државна сопственост (второ читање);
9. Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за експропријација (второ читање);
10. Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за вршење на сметководствени работи (второ читање);
11. Предлог на закон за дополнување на Законот за користење и располагање со стварите на државните органи (второ читање);
12. Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за игрите на среќа и за забавните игри (второ читање);
13. Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за спречување на насилството и недостојното однесување на спортските натпревари (второ читање);
14. Предлог на закон за изменување на Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата (второ читање);
15. Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за туристичката дејност (второ читање);
16. Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за мирно решавање на работните спорови (второ читање);
17. Предлог на закон за дополнување на Законот за продажба и давање под закуп на деловните згради и деловните простории на Република Македонија (второ читање);
18. Предлог на закон за изменување на Законот за поштенските услуги (второ читање);
19. Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за градење (второ читање), под архивски број 07-150/1;
20. Предлог на закон за дополнување на Законот за земање и пресадување на делови од човечкото тело заради лекување (второ читање);
21. Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за лековите и медицинските помагала (второ читање);
22. Дополнет предлог на закон за користење на податоците од јавниот сектор (второ читање);
23. Дополнет предлог на закон за квалитет и безбедност на ѓубрива, биостимулатори и подобрувачи на својствата на почвата (второ читање);
24. Дополнет предлог на закон за дополнување на Законот за идентификација и регистрација на животните (второ читање);
25. Дополнет предлог на закон за вработените во јавниот сектор (второ читање);
26. Дополнет предлог на закон за административни службеници (второ читање);
27. Дополнет предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за градење (второ читање), под архивски број 07-4681/1;
28. Дополнет предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за јавните набавки (второ читање);
29. Дополнет предлог на закон за изменување на Кривичниот законик (второ читање), под архивски број 07-96/1;
30. Дополнет предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за донации и за спонзорства во јавните дејности (второ читање);
31. Предлог на закон за задолжување на Република Македонија кај Меѓународната банка за обнова и развој - Светската банка по Договорот за заем за Вториот програмски заем за развојни политики за конкурентност, по скратена постапка;
32. Предлог на закон за дополнување на Законот за служба во Армијата на Република Македонија, по скратена постапка;
33. Предлог на закон за изменување на Законот за минимална плата во Република Македонија, по скратена постапка;
34. Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за материјално обезбедување на невработените лица поради приватизацијата на претпријатијата со доминантна сопственост на државата во периодот од 2000 до 2004 година, по скратена постапка;
35. Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за учебници за основно и средно образование, по скратена постапка;
36. Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за минерални суровини, по скратена постапка;
37. Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за стечај, по скратена постапка;
38. Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за постапување со бесправно изградени објекти, по скратена постапка;
39. Предлог на закон за изменување на Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, по скратена постапка;
40. Предлог на закон за електронските комуникации (прво читање);
41. Предлог на закон за националната инфраструктура на просторните податоци на Република Македонија (прво читање);
42. Предлог на закон за контрола на емисии од испарливи органски соединенија при користење на бензини (прво читање);
43. Предлог на закон за планински патеки (прво читање);
44. Предлог на закон за изменување на Законот за превоз на опасни материи во патниот и железничкиот сообраќај (прво читање);
45. Предлог на закон за дополнување на Законот за земјоделското земјиште (прво читање);
46. Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за трговските друштва (прво читање);
47. Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за медицинските студии и континуираното стручно усовршување на докторите на медицина (прво читање);
48. Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за семејството (прво читање);
49. Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за заштита на културното наследство (прво читање);
50. Предлог на национална програма за железничка инфраструктура 2014-2016;
51. Барање за давање автентично толкување на член 40 став 3 од Законот за јавни патишта, поднесено од градоначалникот на општина Крива Паланка;
52. Барање за давање автентично толкување на член 128 став 6 од Законот за основното образование, поднесено од пратеникот Сафет Бишевац.