Вторник, 9 февруари 2010 година
Европски ден на безбеден интернет

По повод "Денот на безбеден интернет" Европската комисија ќе соопшти дали поголемите интернет компании постапувале согласно обврската за подобрување на безбедноста на помладите од 18 години кои ги користат страниците за социјална интеракција. Со цел да се поттикнат тинејџерите да размислат за последиците од содржината која ја објавуваат на своите профили ке биде спроведена широка ЕУ кампања на тема „Размисли пред да испратиш“, во повеќе од 60 земји ширум светот.
Прочитај повеќе
Вторник, 9 февруари 2010, Брисел
Преговарачите на Европскиот парламент се договараат за идните односи со Европската комисија
Европскиот парламент и Европската комисија го ревидираат т.н. рамковен договор со кој се уредуваат односите меѓу двете институции. Работната група после трите рунди на преговори, на 27 јануари 2010 постигна согласност. Како дел од клучните принципи утврдени од преговарачите на Европскиот парламент во дискусиите со Европската комисија се: еднаков третман на Европскиот парламент и на Советот од страна на Комисијата, зајакнување на позицијата на Парламентот при поднесување на законодавни иницијативи, согласност за мерките со кои ќе се подобрува одговорноста на извршната власт и зголемување на улогата на Парламентот во меѓународните преговори.
Прочитај повеќе
Понеделник, 8 февруари 2010 година, Брисел
Одбележување на дваесетгодишнина од Заедницата за поддршка на урбаниот развој

На 4 февруари 2010 година во Брисел се одржа Конференција за одбележување на дваесетгодишнината од вложувањето на Европската унија во градовите во Европа. Според комесарот за регионална политика, г. Павел Самецки, кој говореше на Конференцијата, „Урбаниот развој е еден од приоритетите на Европската кохезиона политика. Комисијата ги поддржува европските градови во барањата за поголема конкурентност и им помага да развиваат долгорочни и одржливи стратегии“
Прочитај повеќе