Четврток, 28 февруари 2013 година
Претседателот Вељаноски свечено ќе го отвори 50. Мавровски меморијал во нордиско скијање
Претседателот на Собранието на Република Македонија, г. Трајко Вељаноски, на 1 март 2013 година, како покровител на манифестацијата, свечено ќе го отвори јубилејниот 50. Мавровски меморијал во нордиско скијање.
Свеченото отворање ќе биде во 15,00 часот пред хотелот „Спорт“, ски-центар Маврово.
Претходно, во 14,30 часот, претседателот Вељаноски ќе положи цвеќе на споменикот на загинатите градители пред браната на Мавровското Езеро.
Прочитај повеќе
Четврток, 14 февруари 2013 година
Средба на претседателот Вељаноски со членот на Поткомитетот за човекови права на Европскиот парламент, г. Ричард Ховит

Претседателот на Собранието на Република Македонија, г. Трајко Вељаноски, посакувајќи му добредојде на г. Ричард Ховит, на почетокот на средбата генерално му се заблагодари за поддршката што ѝ ја дава на Република Македонија во евроинтегративниот процес, при што потенцираше дека извештаите кои г. Ховит ги подготвува за Република Македонија во Европскиот парламент се објективни, принципиелни, интегрални и за доброто на побрзото интегрирање на Македонија во Европската унија.
Прочитај повеќе
Среда, 13 февруари 2013 година
Средба на претседателот Вељаноски со Делегацијата на европратеници, претставници на Европската народна партија, предводена од потпретседателот, г-ѓа Корин Вортман Коол

На почетокот на средбата, претседателот Вељаноски им посака добредојде на претставниците на Европската народна партија и ги информираше за општата политичко-економска состојба во Република Македонија
Прочитај повеќе
Сабота, 9 февруари 2013 година
Со средбата со сенаторот Џон МекКејн, претседателот Вељаноски ја завршува посетата на САД

Претседателот Вељаноски изрази благодарност за принципиелната поддршка која САД ја даваат на Република Македонија и целокупните заложби кои досега ги имаат направено со нивниот авторитет и улога во светот. Тој истакна дека без оглед што Македонија сè уште не е членка на НАТО, таа ги исполнува сите обврски како да е членка и така и ќе продолжи
Прочитај повеќе
Петок, 8 февруари 2013 година, Вашингтон
Претседателот Вељаноски и пратениците Спасеновски и Ѓорчев остварија средби со Обединетата македонска дијаспора и Националниот албански американски совет

Заеднички беше констатирано дека има потреба од воведување на активности и мерки за зголемување на интересот на иселениците со право на глас, за вадење на патни исправи за учество на претседателските и парламентарните избори
Прочитај повеќе
Петок, 8 февруари 2013 година, Вашингтон
Претседателот Вељаноски се сретна со конгресменот Роберт Адерхолд и се обрати на Ручекот на лидерите

Претседателот Вељаноски и на оваа средба се заложи при меѓународното интегрирање на Република Македонија во овие организации да важат истите правила кои важат и за другите земји. По средбата двајцата соговорници заминаа на заедничкиот Ручек на лидерите, кој се oрганизира во рамките на активностите на Молитвениот појадок
Прочитај повеќе
Четврток, 7 февруари 2013 година
Средби на претседателот Вељаноски во Вашингтон

На првиот ден од престојот на претседателот на Собранието на Република Македонија, г. Трајко Вељаноски, во Вашингтон, се остварени повеќе средби со конгресмени, сенатори и претседатели на фондации и меѓународни организации
Прочитај повеќе
Вторник, 5 февруари 2013 година, Њујорк
Претседателот Вељаноски во Њујорк се сретна со претседателот на Генералното собрание на Обединетите нации, г. Вук Јеремиќ

На срдечната средба се разговараше за повеќе прашања, при што акцентот беше ставен на унапредувањето на регионалната соработка и градењето на добрососедски односи. Во оваа насока, претседателот Вељаноски го истакна посебниот интерес и континуиран придонес на Република Македонија во градењето на мирот и стабилноста во регионот
Прочитај повеќе
Петок, 1 февруари 2013 година
ПРЕТСЕДАТЕЛОТ ВЕЉАНОСКИ ГО ПРИМИ НОВОИМЕНУВАНИОТ ШЕФ НА КАНЦЕЛАРИЈАТА ЗА ВРСКИ НА РЕПУБЛИКА ГРЦИЈА ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА, Г. ТЕОХАРИС ЛАЛАКОС

Од страна на претседателот на Собранието на Република Македонија, г. Трајко Вељаноски, беше изразено задоволство за средбата и на амбасадорот Лалакос му посака успешна работа во неговиот мандат.
Прочитај повеќе