Петок, 22 јануари 2010 година, Стразбур
Енергетски пазари на Европската унија и е-трговија

„Во рамките на шестмесечното претседателство со Унијата, Шпанија ќе врши притисок за заеднички Европски енергетски пазар и е-трговија", истакна премиерот Хозе Луис Родригес Запатеро, на 20 јануари, пред пратениците во Европскиот парламент.
Прочитај повеќе
Петок, 22 јануари 2010 година, Стразбур
Никифорос Диамандорос реизбран за Европски омбдусман

На 20 јануари 2010 година Никифорос Диамандорос повторно беше избран за Европски омбдусман. На оваа позиција Диамандорос е од 2003 година, а на овој избор, со тајно гласање, ја доби поддршката од 340 пратеници на седница на Европскиот парламент.
Прочитај повеќе
Четврток, 21 јануари 2010 година, Мадрид
Европска година за борба против сиромаштија и социјално исклучување

Европската комисија и Шпанското претседателство со ЕУ ја започнаа 2010 година како Европска година за борба против сиромаштијата и социјалното исклучување. На Конференцијата во Мадрид беше претставена програма за подигање на свеста за сиромаштијата под слоганот „Стоп за сиромаштијата, сега!“
Прочитај повеќе
Четврток, 21 јануари 2010 година
Новата визија на Европската унија за биодиверзитет

Европската комисија на 19 јануари 2010 година претстави документ со кој се поставени визиите и идните цели на политиката на ЕУ за биодиверзитет за периодот после 2010 година, со што се одбележа започнувањето на Меѓународната година на биодиверзитет. Еврокомесарот за животна средина, г. Ставрос Димас, потенцирајќи ја важноста на прашањето за заштитата на биодиверзитетот, укажа на потребата за воведување на нова политика и стратегија за периодот после 2010 година.
Прочитај повеќе