Вторник, 31 јануари 2012 година
Средба на Комитетот за односи меѓу заедниците со г. Норберт Руетсце и г. Грегори Атила Конор

Претседателот на Комитетот за односи меѓу заедниците, г-ѓа Ермира Мехмети, заменик-претседателот, г-ѓа Маринела Тушева и членовите: г-ѓа Силвана Бонева и г. Ѓорѓи Коџабашиев, вчера остварија средба со г. Норберт Руетсце, секретар на Швајцарската амбасада во Приштина , Република Косово и претставникот на УНДП, г. Грегори Атила Конор
Прочитај повеќе
Петок, 27 јануари 2012 година
Средба на г-ѓа Ермира Мехмети со Н.Е. Ралф Брет

Претседателот на Комитетот за односи меѓу заедниците, г-ѓа Ермира Мехмети, на 26 јануари 2012 година, на барање на Н.Е. Ралф Брет, амбасадор на Мисијата на ОБСЕ во Скопје, одржа средба на тема активности на Комитетот за односи меѓу заедниците за 2012 година и притоа ги поздрави и запозна гостите со темите и целите кои ќе бидат разгледувани на идните седници на Комитетот
Прочитај повеќе
Петок, 20 јануари 2012 година
Средба на претседателот на Комисијата за европски прашања, г. Хајрула Мисини со амбасадорот на Кралството Шпанија, г. Фернандо Де Галанена Родригез

Претседателот на Комисијата, г. Мисини го запозна амбасадорот Родригез со постигнатите резултати во потребните ЕУ реформи, соглсасно Копенхашките критериуми и тоа во правосудството, имплементацијата на Охридскиот рамковен договор, јавната администрација, борбата против корупцијата и друго.
Прочитај повеќе
Четврток, 12 јануари 2012 година
Средба на претседателот на Комитетот за односи меѓу заедниците, г-ѓа Ермира Мехмети, со претставникот на УНДП, г. Грегори Атила Конор
Претседателот на Комитетот за односи меѓу заедниците, г-ѓа Ермира Мехмети, на 11 јануари 2012 година, на барање на г. Грегори Атила Конор, претставник на УНДП и специјалист за мир и развој, во Собранието на Република Македонија одржа средба во врска со идните активности на Комитетот за односи меѓу заедниците и активната поддршка на УНДП за продуктивна работа на Комитетот
Прочитај повеќе
Среда, 11 јануари 2012 година
Средба на претседателот на Комитетот за односи меѓу заедниците, г-ѓа Ермира Мехмети, со Н.Е. д-р Томас Михаел Бајер
Претседателот на Комитетот за односи меѓу заедниците, г-ѓа Ермира Мехмети, на барање на амбасадорот на Австрија во Република Македонија, Н.Е. д-р Томас Михаел Бајер, денеска одржа средба на тема активности на Комитетот за односи меѓу заедниците за 2011 и 2012 година и притоа го поздрави и запозна гостинот со темите кои ќе бидат разгледувани на идните седници на Комитетот
Прочитај повеќе